Бабура
Бабури | |
---|---|
Пиперки - бабури растат на нива во Пелагонија, Македонија | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Ред: | Зрновидни |
Семејство: | Зрнци |
Род: | Зрнец |
Вид: | Пипер(ки) |
Научен назив | |
Capsicum annuum |
Бабури (исто така позната како слатка пиперка, пиперка или capsicum / kæpsɪkəm /) — сортата на пиперки од видот Capsicum annuum. Сортите на растението на овој вид пиперка произведуваат плодови во различни бои, вклучувајќи црвена, жолта, портокалова, зелена, бела и виолетова. Бабурите понекогаш се групираат со помалку лути сорти на пиперка како „слатки пиперки“.
Потекло
уредиПиперките потекнуваат од Мексико, Средна Америка и северниот дел на Јужна Америка. Семиња од пиперки биле увезени во Шпанија во 1493 година, а оттаму се ширеле во Европа и Азија. Благата пиперка бабура бил развиена во 1920-тите, во Сегед, Унгарија.
Одгледување
уредиПретпочитаните услови за одгледување на пиперките бабури вклучуваат топла, влажна почва со умерена температура од 21 до 29 °C. Одгледувањето бабури е доста застапени во Македонија и тоа особено во: битолското поле во Пелагонија, Струмичко, Велешко и Скопско.
Исхрана
уредиБабурите се дел и од традиционалната исхрана во македонската кујна. Познатото јадење и специјалитет полнети пиперки, често се прави со бабури. Бабурите исто така се поткиселуваат и ставаат во различниа видови на туршија и зимница, како и во мезиња каде бабури се ставаат во кисела павлака или урда.
Галерија
уреди-
Одгледување на бабури во нива во Пелагонија, Македонија
-