Младеење или подмладувањемедицинска дисциплина насочена на практичен пресврт на постапката на стареење.[1]

Подмладувањето се разликува од продолжувањето на животот. Стратегиите за продолжување на животот често ги проучуваат причините за стареење и се обидуваат да се спротивстават на тие причини за да го забават стареењето. Подмладувањето е „пресврт“ на стареењето и затоа бара различна стратегија, имено поправка на штетата што е поврзана со стареењето или замена на оштетеното ткиво со ново ткиво. Подмладувањето може да биде средство за продолжување на животот, но повеќето стратегии за продолжување на животот не вклучуваат подмладување.

Историска и културолошка позадина

уреди

Различни митови раскажуваат приказни за потрагата по подмладување. Се верувало дека магијата или интервенцијата на натприродна сила може да ја врати младоста и многу митски авантуристи тргнале на пат за да го направат тоа, за себе, за своите роднини или за некој авторитет што ги испратил анонимно.

Еден древен кинески император всушност испратил бродови со млади мажи и жени за да најдат бисер што ќе го подмлади. Ова создало мит меѓу современите Кинези дека Јапонија е основана од овие луѓе.

Во некои религии, луѓето требало да бидат подмладени по смртта пред да бидат сместени во рајот.

Приказните продолжиле и во 16 век. Шпанскиот истражувач Хуан Понсе де Леон водел експедиција околу островите на Карибите и во Флорида за да го пронајде Изворот на младоста. Водена од гласините, експедицијата ја продолжила потрагата и многумина загинале. Изворот го немало никаде бидејќи локалното население не знаело за неговата точна локација.

Од појавата на филозофијата, мудреците и самопрогласените волшебници секогаш правеле огромни напори да ја пронајдат тајната на младоста, како за себе, така и за нивните благородни покровители и помошници. Нашироко се верувало дека некои напивки можат да ја вратат младоста.

Друг најчесто цитиран пристап бил обидот да се пренесе суштината на младоста од младите на старите. Некои примери на овој пристап биле спиењето со девици или деца (понекогаш буквално спиење, не морало да имаат секс),[2] капење или пиење нивната крв.

Потрагата по подмладување го достигнала својот врв со алхемијата. Низ Европа, а и пошироко, алхемичарите го барале Каменот на филозофот, митската супстанција која како што се верувало, не само што можела да го претвори оловото во злато, туку и да го продолжи животот и да ја врати младоста. Иако зацртаната цел не била постигната, алхемијата го отворила патот до научниот метод и така до медицинскиот напредок на денешницата.[се бара извор]

Серж Абрахамович Вороноф бил француски хирург роден во Русија, кој се здобил со слава со неговата техника на калемење ткиво од тестис на мајмун на тестисите на мажите додека работел во Франција во 1920-тите и 1930-тите години. Ова била една од првите медицински прифатени терапии за подмладување (пред да се докажело дека не е точна околу 1930-1940 година). Техниката му донела многу пари, иако тој веќе бил независно богат. Како што неговата работа паднала во немилост, тој од многу почитуван хирург станал предмет на потсмев. До почетокот на 1930-тите, преку 500 мажи биле лекувани во Франција со неговата техника за подмладување, а илјадници други ширум светот, како на пример во посебна клиника создадена во градот Алжир.[3] Значајни луѓе кои ја застапувале операцијата биле Харолд Мекормик, претседател на одборот на Меѓународното жетварско стопанско друштво,[4] и остарениот премиер на Турција.[5]

Технологијата за подмладување и нејзините ефекти врз поединците и општеството долго време се предмет на научна фантастика. Сагата за пропуштена младост и Комонвелт од Питер Ф. Хамилтон се меѓу најпознатите примери за ова, кои се занимаваат со краткорочните и долгорочните ефекти од речиси совршената промена на телото од 80 годишна возраст на 20 годишна возраст со недопрениот ум. Помалку совршеното подмладување прикажано во трилогијата на Марс од Ким Стенли Робинсон резултирало со долгорочно губење на памтењето и чиста досада што доаѓа со крајната возраст. Ликовите по смртта во серијата „Откровениска вселена“ (изворно: Revelation Space) имаат долгорочен или суштински бесконечен животен век, а чистата досада ги поттикнува да преземаат активности од краен ризик.

Современи развивања

уреди

Стареењето е собирање на оштетување на макромолекулите, клетките, ткивата и органите во и на телото што, кога повеќе не може да биде толерирано од организмот, на крајот доведува до негова смрт. Ако некоја од тие оштетувања може да се поправи, резултатот е подмладување.

Имало многу опити за кои се покажало дека го зголемуваат максималниот животен век на лабораториските животни,  со што се постигнало продолжување на животот. Неколку опитни методи како што се замена на хормоните на младешки нивоа имале значителен успех во делумно подмладување на лабораториските животни и луѓето. Опитот од 2011 година вклучувал размножување генетски манипулирани глувци на кои им недостигал ензимот наречен теломераза, што предизвикувал глувците да стареат предвреме и да страдаат од болести. Кога на глувците им биле дадени инјекции за повторно активирање на ензимот, тој ги поправал оштетените ткива и ги сменил знаците на стареење.[6] Постојат најмалку осум важни хормони кои опаѓаат со возраста: 1. соматотропин (ХГХ); 2. половите хормони: тестостерон или естроген/прогестерон; 3. еритропоетин (ЕПО); 4. инсулин; 5. дехидроепиандростерон; 6. мелатонин; 7. штитна жлезда; 8. прегненолон. Теоретски, ако сите или некои од овие хормони се заменат, телото ќе реагира на нив како кога било помладо, со што ќе се поправат и обноват многу функции на телото. Во согласност со ова, неодамнешните опити покажале дека хетерохроничната парабиоза, односно поврзувањето на циркулаторниот систем на младо и старо животно, доведувало до подмладување на старото животно, вклучително и враќање на правилната функција на матичните клетки. Слични опити покажале дека калемењето на стари мускули на млади домаќини доведува до нивно целосно обновување, додека калемењето млади мускули на стари домаќини не. Овие опити покажале дека стареењето е посредувано од системско опкружување, наместо внатрешно клеточно својство. Клиничките испитувања засновани на трансфузија на младешка крв биле планирани да започнат во 2014 година.[7] Друга интервенција која добила на популарност е епигенетското репрограмирање.[8] Преку употребата на Јаманаковите фактори, старите клетки можат да се вратат во помлада состојба.

Повеќето обиди за генетско обновување традиционално вклучувале употреба на ретровирус за да се вметне нов ген во случајна позиција на хромозомот. Но, со прицврстување на прстите од цинк (кои одредуваат каде се врзуваат факторите на транскрипција) за ендонуклеазите (кои ги кршат низите на ДНК), може да се предизвика хомологна рекомбинација за да се поправат и заменат неисправните (или непосакуваните) ДНК секвенци. Првите примени на оваа технологија биле да се изолираат матични клетки од коскената срж на пациенти со мутации на болести на крвта, да се поправат тие мутации во лабораториски садови користејќи ендонуклеази од цинков прст и да се пресадат матичните клетки назад кај пациентите.[9] Поновите напори ги користеле системите CRISPR-Cas или адено-асоцираните вируси.

Засилената обнова на ДНК е предложена како потенцијална стратегија за младеење.[10]

Регенеративната медицина со матични клетки користи три различни стратегии:

  1. Садење на матични клетки од клеточна култура во постоечка ткивна структура
  2. Садење на матични клетки во скеле на ткиво што ја води реставрацијата
  3. Индукција на резидуални клетки на структурата на ткивото за регенерирање на потребниот дел од телото

Саламандерот не само што може да пресоздаде екстремитет, туку може да ја регенерира леќата или мрежницата на окото и може да го регенерира цревото. За регенерација, ткивата на саламандер формираат бластема со дедиференцијација на мезенхималните клетки, а бластемата функционира како самоорганизирачки систем за регенерација на екстремитетот.[11]

Уште една опција вклучува козметички промени на поединецот за да се создаде изглед на младост. Овие се воглавно површни и не прават многу за да ја направат личноста поздрава или да живее подолго, но вистинското подобрување на изгледот на една личност може да го подигне нивното расположение и да има позитивни „несакани“ ефекти кои вообичаено се во корелација со среќата. Пластичната хирургија е голема индустрија која нуди третмани како што се отстранување на брчки („лифтинг на лице“), отстранување на вишокот маснотии (липосукција) и преобликување или зголемување на различни делови од телото (стомак, гради, лице).

Поврзано

уреди

 

Наводи

уреди
  1. „Welcome to Rejuvenation Research“. Rejuvenation Research. 7: 1–2. 2004. doi:10.1089/154916804323105017.
  2. „How to live forever: lessons of history“. BMJ. 321 (7276): 1580–2. 2000. doi:10.1136/bmj.321.7276.1580. PMC 1119261. PMID 11124187.
  3. Common, Laura. (April 25, 2000) The Medical Post Great balls of fire: from prehistory, men have tried implants and extracts from macho animals to cure impotence, but it was only relatively recently that they began to understand why they did so.
  4. „Lost lake shore drive: Mourning an era; Mansions of rich and famous yield to giant condos“. Chicago Tribune. 31 March 1985.
  5. Jones, David. (11 декември 1986) The Times Christmas Books: Believe it or not - Adam and Eve to bent spoons / Review of books on beliefs.
  6. „Telomerase reactivation reverses tissue degeneration in aged telomerase-deficient mice“. Nature. 469 (7328): 102–6. јануари 2011. Bibcode:2011Natur.469..102J. doi:10.1038/nature09603. PMC 3057569. PMID 21113150.CS1-одржување: display-автори (link)
  7. „Young blood to be used in ultimate rejuvenation trial“. New Scientist. August 20, 2014.
  8. „A ride through the epigenetic landscape: aging reversal by reprogramming“. GeroScience. 43 (2): 463–485. April 2021. doi:10.1007/s11357-021-00358-6. PMC 8110674 Проверете ја вредноста |pmc= (help). PMID 33825176 Проверете ја вредноста |pmid= (help).
  9. „Gene therapy. Putting the fingers on gene repair“. Science. 310 (5756): 1894–6. декември 2005. doi:10.1126/science.310.5756.1894. PMID 16373552.
  10. „Fight to the bitter end: DNA repair and aging“. Ageing Research Reviews. 64: 101154. December 2020. doi:10.1016/j.arr.2020.101154. PMID 32977059.
  11. „Appendage regeneration in adult vertebrates and implications for regenerative medicine“. Science. 310 (5756): 1919–23. декември 2005. Bibcode:2005Sci...310.1919B. doi:10.1126/science.1115200. PMID 16373567.

Надворешни врски

уреди