Соматотропин

Соматотропинот (STH) или хормонот за раст (GH) е карактеристичен хормон со општо дејствување. Се продуцира од хипофизата и дејствува на најголемиот дел од телесните ткива, во кои стимулира синтеза на белковини, неопходни за растењето. Дејството на соматотропинот е особено изразено во периодот на детството и адолесценцијата до околу 24 годишна возраст, во кој се одвива интензивно растење на коските. Соматотропниот хормон исто така дејствува и врз вкупниот метаболизам (белковински, јаглехидратен и липиден).[1]

Хормон за раст 1 (питуитарен)
Somatotropine.GIF
Хормон за раст
Препознавачи
СимболGH1
Entrez2688
HUGO4261
OMIM139250
RefSeqNM_022562
UniProtP01241
Други податоци
ЛокусChr. 17 q22-q24

При хипофункција на хипофизата доаѓа до намалено лачење на хормонот за растење, што кај децата се предизвикува џуџест раст. При хиперфункција на хипофизата доаѓа до зголемено лачење на хормонот за растење. Кај децата тоа резултира со појава на хипофизарен гигантизам, а кај возрасните се јавува акромегалија.

НаводиУреди

  1. „Соматотропин и соматолиберин – хормони одговорни за растот (Доктори.мк)“. Архивирано од изворникот на 2013-01-23. Посетено на 2013-04-15.

ПоврзаноУреди