Мрежница или ретина[1] - внатрешна опна на очното јаболко што ги прима светлосните дразби.[2]

Мрежница или ретина
Human eye cross-sectional view grayscale.png
Напречен пресек на десно човечко око; очите значително се различни кај животните
Податоци
Дел одОко
СистемСистем за вид
АртеријаЦентрална ретинална артерија
Назнаки
ЛатинскиRēte
TAA15.2.04.002
FMAFMA:58301

Оптиката на окото создава слика на визуелниот свет на мрежницата слично како филм во фотоапарат (превртена и смалена слика). Во мрежницата се создаваат хемиски и електрични настани со чија помош се придвижуваат нервните импулси кои се испраќаат во разни оптички центри во мозокот преку очниот живец.

Мрежницата е комплексна, слоевита структура која е изградена од неколку слоја неврони поврзани со синапси.

Единствени неврони кои се директно осетливи на светлина се ќелиите на фоторецепторите:

  • Стапчиња, ги има околу 90 милиони[3] и служат за снаоѓање во мрак.
  • Чунчиња, ги има околу 4,5 милиони[3] и служат за снаоѓање дење.

Ганглиските ќелии се ретки и се важни за рефлексивни „одѕивања“ на многу јако светло. Единствениот дел на мрежницата на кој не се наоѓаат фоторецепторски ќелии се вика слепа точка. Тоа е местото каде се спојуваат ќелиите и формираат оптички нерв.

За разлика од камерата, мрежницата не ги испраќа едноставно сликите во мозокот. Таа просторно ги компресира за да одговараат на ограничената големина на оптичкиот живец.

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. „ретина“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „мрежница“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. 3,0 3,1 Curcio, CA.; Sloan, KR.; Kalina, RE.; Hendrickson, AE. (Feb 1990). „Human photoreceptor topography“. J Comp Neurol. 292 (4): 497–523. doi:10.1002/cne.902920402. PMID 2324310.

Надворешни врскиУреди