Ткиво претставува група од клетки кои имаат исто потекло, иста надворешна и внатрешна градба и извршуваат иста функција. Функцијата е најглавната особеност на клетките од даденото ткиво. Специјализацијата (развивањето на функционалноста) на клетките во различни ткива не се одвива на ист начин. Во некои случаи клетките се мошне специјализирани и можат да вршат само една функција, на пример, склеренхимските клетки од механичкото ткиво кај растенијата. Други ткива, пак, се во состојба да вршат две или повеќе функции (клетките од коленхимското ткиво кај растенијата). Науката која ги проучува ткивата е хистологија.

Микроскопски поглед на хистолошки препарат на ткиво од бели дробови кај човек обоен со хематоксилин и еозин.

Видови ткива уреди

Животните се изградени од четири вида ткива и тоа:

  • Покривно (епително-кожно) - Кожата е надворешна обвивка на телото која има заштитна улога
  • Соединително (жилно, 'рскавично, коскено, крвно и масно ткиво)
  • Мускулно (заедно со коскеното ткиво даваат потпора и го движат телото)
  • Нервно (ја усогласува и контролира работата на сите органи)

Поврзано уреди