Извор на младоста

Извор на младоста или извор на вечната младостизвор од легендите, за кој се верува дека ја враќа младоста на оној кој ќе се напие од неговите води или ќе се искапе во нив. Приказните за овој извор се раскажуваа низ целиот свет, се појавија во записите на Херодот, во Александрида и во приказните од презвитерот Јован. Приказни за слични води беа исклучително познати и меѓу американските староседелци од Карибите за времето на големите географски откритија, при што зборуваа за подмладувачката моќ на водата од митската земја Бимини. Легендата стана особено позната во 16 век, кога се поврза со шпанскиот истражувач Хуан Понсе де Леон, првиот гувернер на Порторико. Според апокрифната приказна, која вклучува комбинација од елементи од Новиот Свет и Евроазија, Понсе де Леон го барал изворот на младоста кога во 1513 година отпатувал до денешна Флорида. Оттогаш изворот често се поврзува со Флорида.

Први записи

уреди

Херодот споменува извор, која содржи многу посебен вид вода и која се наоѓа во Етиопија, што на Етиопјаните им ја дава исклучителната долговечност. Приказната за изворот на младоста се појавува и во источните верзии на Александрида, кои раскажуваат за тоа како Александар Македонски и неговиот слуга ја поминале Земјата на темнината за да го најдат подмладувачкиот извор. Слугата од оваа приказна пак потекнува од легедните за Хизир од Средниот Исток, мудрец кој исто така се појавува и во Куранот. Арапските и алјамијадските верзии на Александрида беа многу популарни во Шпанија за време и по периодот на Ал – Андалус и поради тоа им беа познати на истражувачите, кои патуваа кон Америка. Овие најрани записи очигледно послужија како инспирација за популарната средновековна фантазија „Патувањата на Џон Мандевил“, во кои исто така се спомнува изворот. Поради влијанието од овие приказни, изворот на младоста остана популарна за време на европските големи географски откритија. Постојат исто така и неброено многу непосредни извори за приказната. Вечната младост е дар кој често се бара во митовите и легендите, а приказните за каменот на мудроста, Панацеа и еликсирот на животот се познати низ Евроазија, и насекаде низ светот. Дополнително навестување може да се извлекло и од записите за Бетезда и од Евангелието по Јован, во кое во базенот во Ерусалим Исус успева да излечи човек.

Бимини

уреди

Изворните приказни за изворот со моќ да излекува се поврзуваа со митската земја Бимини, земја на богатство и благосостојба. Изворот наводно се наоѓал на остров наречен Боинка. И покрај тоа што подоцнежните толкувања претпоставуваа дека земјата се наоѓала во околината на Бахамите, оригиналните тврдења повеќе беа насочени кон Хондурскиот Залив. За време на ексепдицијата на Понсе, островите на Бимини кај Бахамите беа познати и како Ла Виеха. Според легендата, Шпанците слушнале за Бимини од Араваките од Хиспањола, Куба и Порторико. Секвен, аравакачки поглавар од Куба, наводно не успеал да одолее на примамливоста на Бимини и на неговаиот со моќ да подмладува. Тој собрал група од авантуристи и испловил кон север и никогаш не се вратил. Се зборува меѓу оптимистичките луѓе од неговото племе дека тој и неговите следбеници го пронашле изворот на младоста и дека живеат луксузен живот во Бимини. Бимини и неговите закрепнувачки води беа позната тема и на Карибите. Хроничарот со италијанско потекли Петар Мартир де Англиера му раскажувал на Папата за нив во неговото писмо во 1513, но сепак тој не верувал во приказните и бил ужаснат поради тоа многу други луѓе верувале.

Понсе де Леон и Флорида

уреди

Во 16 век приказната за изворот на младоста се прикачи на биографијата на освојувачот Хуан Понсе де Леон. Според приказната, откако го освоил Порторико, Понсе де Леон чул за Бимини од тамошните луѓе. Бидејќи станувал сè повеќе незадоволен од неговото материјално богатство, тој испратил експедиција за да ја најде оваа земја и при тоа ја пронашол Флорида. И покрај тоа што тој бил еден од првите Европејци кои стапнале на американското тло, тој никогаш не го пронашол изворот на младоста. Приказната е апокрифична. Понсе де Леон не го спомнува изворот во неговите записи, кои ги правел за време на експедицијата. Додека тој можеби имал слушнато за изворот на младоста и можеби верувал во неа, неговото име почна да се поврзува со оваа легенда дури по неговата смрт. Врската се направи во „Општа историја за природата на Индијанците“ од Гонсало Фернандес де Овиедо од 1535, каде што тој напишал дека Понсе де Леон ги барал водите од Бимини за да ја излечи својата импотенција. Некои истражувачи велат дека е возможно записите на Овиедо да се политички инспирирани за да придобие симпатии во судовите. Сличен запис се појавува и во „Општа историја на Индијанците“ од Франциско Лопес де Гомара од 1551 година. Во „Мемоари“ од Ернандо де Ескаланте Фонтанеда од 1575, авторот вели дека подмладувачките води се наоѓаат на Флорида и спомнува дека Леон ги барал таму. Неговиот запис влијаел врз историјата на Шпанците во Новиот Свет од Антонио де Херера и Тордесилас. Откако преживеал бродолом во близината на Флорида како дете, Фортанеда бил заробеник на Индијанци 17 години. Во неговите „Мемоари“ тој раскажува за излекувачки води на некоја изгубена река, која тој ја нарекува Јордан и го спомнува Понсе де Леон дека ги барал овие води. Но сепак, Фонтанеда додава и објаснува дека е скептичен во врска со овие приказни и вели дека се сомнева дека де Леон го барал овој легендарен извор кога дошол на Флорида.

Херера е тој, кој ја прави дефинитивна врската во изромантизираната верзија на приказната на Фонтанеда, која е дел од „Општата историја на фактите на Канингем за островите и копното на океанот“. Херера тврди дека Касиките редовно го посетувале изворот. Еден трошен стар човек можел да се подмлади толку многу, што можел повторно да ги прави „сите машки работи... да си земе нова жена и да зачне уште деца.“ Херера додава дека Шпанците ја пребарале секоја „река, поток, лагуна и бара“ на брегот на Флорида и дека сите потраги по легендарниот изворо биле безуспешни. Се чини дека приказната на Секвен е исто така заснована на изкривената вистина на Фонтанеда.

Изворот на младоста денес

уреди

Градот Св. Августин во Флорида е домаќин на Националниот археолошки парк „Извор на младоста“, кој е направен како почит за местото, каде што традиционално се верува дека Понсе првпат стапнал. Оваа туристичка атракција ја создаде Луела Деи МекКонел во 1904. „Дијамантската Лил“, како што ја викаа, измислуваше приказни за да ги забавува и ужаснува жителите на градот и туристите сè до нејзината смрт во 1927.

И покрај тоа што тој извор таму не е „вистинскиот“ извор, тоа не ги спречува туристите да ја пијат нејзината вода. Во паркот се изложени староседелски и колонијални артефакти за да се прослави племето Тимукуа од Св. Августин и шпанското наследство.

Во книгата „Чудната Флорида“, која е дел од серијата „Чудните САД“ од Марк Моран и Марк Скурман, авторот Чарли Карлсон вели дека разговарал со наводното тајно друштво од Св. Августин, кои тврделе дека биле заштитници на изворот на младоста и дека тоа им ја дало исклучителната долговечност. Тие тврделе дека еден од нивните членови бил стариот Џон Гомес, кој бил протагонист во легендата за Гаспарила од фолклорот на Флорида. Во август 2006 познатиот американски магионичар Дејвид Коперфилд тврдел дека го открил вистинскиот „изворот на младоста“ помеѓу островска група од четири мали острови во округот Ексума од Бахамите, кои ги купил за околу 50 милиони долари. „Открив вистински феномен“ – изјави тој за Ројтерс. „Можете да земете исушени листови и кога ќе дојдат во контакт со водата, тие повторно стануваат полни со живот... ако некоја бубачка или инсект е пред умирање, доаѓа во контакт со водата и одлетува. Неверојатно е, многу многу многу возбудливо.“ Коперфилд, кој наполни 50 години во септември 2006 вели дека најмил научници за да извршат истражувања на „легендарната“ вода, но отсега изворот не е достапна за надворешни посетители.

Изворот на младоста сè уште опсојува како метафора за било што, што потенцијално може да ја продолжи долговечноста. Често се искористува како средство за правење заплет во приказните за намалување старост. Нејтаниел Хоторн го искористи изворот во „Опитот на д-р Хајдигер“ за да покаже дека оптимизмот е многу подобар лек отколку налудничави патувања на Флорида за пронаоѓање легендарни лекови. Орсон Велс беше режисер и глумец во една телевизиска програма од 1958, која за тема ја имаше легендата. Тим Пауерс ја опиша во „На чудни плими“, новела за пиратска и вуду авантура во XVIII век. Во 1953 година Волт Дизни Компани направи цртан филм со наслов „Изворот на младоста на Дон“, во којшто Пајо Паторот наводно го открил познатиот извор и не може да одолее да не им се преправа на неговите внуци дека таа навистина делува. Изворот и нејзините води ја сочинуваат главната суштина на сметачката игра „Крв, мраз и челик“ (Blood, Ice and Steel), која е дел од играта „Време на империи“ (Age of Empires III) на Мајкрософт и Енсебл Студио. Неодамна ликовите од филмот на Дарен Аронофски „Изворот“ од 2006 година го бараа дрвото на животот за да можат излечат тумор на мозокот. Хорхе Луис Борхес зборуваше за изворот на младоста во еден краток расказ во збирката раскази „Алеф“, каде што бесмртните луѓе се изморуваат од тоа и на крајот почнуваат со потрага по изворот на смртта за да ја прекинат нивната бесмртност. „Пиратите од Карибите: На чудни плими“, четвртото продолжение од филмскиот серијал „Пиратите од Карибите“, ќе има фабула во која ќе се работи за патување во потрага по изворот на младоста. Кон ова се целеше на крајот на третото продолжение „Пиратите од Карибите: На крајот на светот“, каде што капетан Џек Спероу ја зеде мапата од капетан Хектор Барбоса. Снимањето на филмот е закажано за летото 2010, а се планира да биде пуштен во јавноста во 2011 година.