Градиште (Мечкуевци)
„Градиште“
| |
Ридот на кој се наоѓа наоѓалиштето. Поглед од запад. | |
Местоположба | 41°54′56.75″N 22°03′54.02″E / 41.9157639° СГШ; 22.0650056° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Мечкуевци |
Општина | Свети Николе |
Тип |
|
Период | железно време |
хеленистичко време | |
римско време | |
Портал „Археологија“ |
Градиште — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Мечкуевци. Претставува утврдена населба од железното време, хеленистичкото време и римското време.
Местоположба и наоди
уредиНа југоисточната страна од селото се издига голема височинка што доминира во тој дел на Овчеполието. На нејзиниот врв има зарамнето плато со димензии 200 × 100 м, на кое се среќаваат грамади од градежен материјал, како и делови од керамички садови питоси. Најдени се и монети, а оттука потекнува еден надгробен споменик што бил однесен во Музејот во Штип во 1950тите. Изработен е од зелен песочник, со димензии од 0,55 × 0,47 × 0,10 м. Во едикулата има семејна претстава на маж, жена меѓу нив дете кое стои на постамент шт личи на ара. Сите се облечени во долги облеки, а жената е обвиена со шал.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 355. ISBN 9989649286.
Надворешни врски
уреди„Градиште (Мечкуевци)“ на Ризницата ? |