Меглен
Општина Меглен Δήμος Αλμωπίας | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Централна Македонија |
Округ: | Постол |
Гео. област: | Меглен |
Население: | 24.924 (2021) |
Седиште: | С’ботско |
Нас. места: | 44 |
Пошт. бр.: | 584 00 |
Пов. бр.: | 23840-2 |
Портал: | dimosalmopias.gov.gr/ |
Меглен (Мегленско, Мегленија; грчки: Αλμωπία, поточно: Δήμος Αλμωπίας) — етно-географска област, општина и котлина во северниот дел на Егејска Македонија, денес во составот на Грција, која на север се граничи со Република Македонија.
Географија и местоположба
уредиКотлината и областа Меглен се наоѓаат во северниот дел на Егејска Македонија, односно во среднишниот дел на етничка Македонија. На север се граничи со Република Македонија, односно со областите Тиквешија на север и Мариово на северозапад. Кон запад, југ и исток е отворена кон поширокот регион на Егејска Македонија (денес Грција), односно на југ и југоисток се граничи со пространото Солунско Поле, на запад со Воденско, а на исток со дел од областа Бојмија.
Мегленската котлина е интересен тип на котлина со ниска надморска височина, оградена со високи планини од сите страни. Од север е оградена со планините Кожуф и Козјак, од запад со планината Ниџе, на југозапад ја оградуваат огранките на Негушка Планина, а на исток е оградена со планината Пајак.
Низ плодното рамно Мегленско Поле, протекува реката Мегленица, која протекува и низ Солунското Поле, каде што преку канали дава вода за наводнување на обработливото земјиште, а таму се влева и во реката Бистрица, која пак се влева во Егејското Море. Во Мегленската Котлина преовладува средоземната клима, додека пак на планините континетална и планинска.
Општина Меглен и населени места
уредиВо административна смисла, до 1997 г. Меглен бил епархија во округот Постол. Од 1997 г. со законот „Каподистријас“, Меглен е поделен на општините С’ботско (Аридеја) во западниот дел и Капињани (Ексаплатанос) во источната. Од 1 јануари 2011 г., со законот „Каликратис“ станува една општина.[1] Главен град на областа и општината е С’ботско.
Општинска единица С’ботско
уредиОпштинската единица С’ботско ги опфаќала следиве општински оддели и населени места:
- Општински оддел С’ботско
- Општински оддел Баово
- село Баово (Πρόμαχοι, Промахи)
- Општински оддел Биџова Маала
- село Биџова Маала (Πιπεριά, Пиперија или Πιπεριές, Пипериес)
- село Горно Турманли (Ανω Ροδωνιά, Ано Родонија)
- Општински оддел Бизово
- Општински оддел Габровци
- село Габровци (Δωροθέα, Доротеја)
- село Раниславци (Αγάθη, Агати)
- Општински оддел Драгоманци
- село Драгоманци (Άψαλος, Апсалос)
- Општински оддел Костурени
- село Костурени (Ξιφιανή, Ксифјани)
- Општински оддел Пожарско
- село Пожарско (Λουτράκι, Лутраки)
- село Пожарски Бањи (Λουτρά Λουτρακίου, Лутра Лутракиу)
- Општински оддел Полјани
- село Полјани (Πολυκάρπη, Поликарпи)
- Општински оддел Преб’диште
- село Преб’диште (Σωσάνδρα, Сосандра)
- Општински оддел Рудино
- село Рудино (Άλωρος, Алорос)
- Општински оддел Саракиниово
- село Саракиново (Σαρακηνοί, Саракини)
- село Долно Родиво (Κάτω Κορυφή, Като Корифи)
- Општински оддел Северјани
- Општински оддел Струпино
- село Струпино (Λυκόστομο, Ликостомо)
- Општински оддел Тресино
- село Тресино (Όρμα, Орма)
- Општински оддел Цакон Маала
- село Цакон Маала (Τσάκοι, Цаки)
- село Долно Турманли (Κάτω Ροδωνιά, Като Родонија)
- село Цакони (Χρύσα, Хриса)
- Општински оддел Црнешево
- село Црнешево (Γαρέφι, Гарефи)
На територијата на општинската единица се наоѓале и денес запустените села Горно Родиво (Άνω Κορυφή, Ано Корифи), Зборско (Πευκωτό, Певкото) и Карадере Воденско (Μαυρόλακκος, Мавролакос) и Карадере Пазарско (Μαυρόλακκος Γενιτσών, Мавролакос Јеницон).
Општинска единица Капињани
уредиОпштинската единица Капињани ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Капињани
- село Капињани (Εξαπλάτανος, Ексаплатанос)
- Општински оддел Бериславци
- село Бериславци (Περίκλεια, Периклија)
- село Лугунци (Λαγκαδιά, Лангадија)
- Општински оддел Гостољуби
- село Гостољуби (Κωνσταντία, Констандија)
- Општински оддел Карладово
- Општински оддел Кожушани
- село Кожушани (Φιλώτεια, Филотија)
- Општински оддел Новоселци
- Општински оддел Ноти
- Општински оддел Ошин
- село Ошин (Αρχάγγελος, Архангелос)
- Општински оддел Слатина
- село Слатина (Χρυσή, Хриси)
- Општински оддел Страишта
- село Страишта (или Витолишта; Ίδα, Ида)
- Општински оддел Тодорци
- село Тодорци (Θεοδωράκι, Теодораки)
- Општински оддел Трстеник
- село Трстеник (Θηριόπετρα, Тириопетра)
- Општински оддел Фуштани
- село Фуштани (Φούστανη, Фустани)
На територијата на општинската единица се ноаѓаат и денес запустените села Лесково и Извор.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010. Посетено на 5 јули 2010.
Надворешни врски
уреди- Меглен на Ризницата ?
- Портал на Општина Меглен