Струпино (грчки: Λυκόστομο, Ликостомо; до 1926 г. Στρούμπινο, Струбино[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 336 жители (2021). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци, а денес е мешано, но со македонско мнозинство.[3]

Струпино
Λυκόστομο
Улица во Струпино
Улица во Струпино
Струпино is located in Грција
Струпино
Струпино
Местоположба во областа
Струпино во рамките на Меглен
Струпино
Местоположба на Струпино во општината Меглен и областа Централна Македонија
Координати: 40°59.21′N 21°59.3′E / 40.98683° СГШ; 21.9883° ИГД / 40.98683; 21.9883
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаМеглен
Општ. единицаС’ботско
Надм. вис.&10000000000000200000000200 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно336
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото е сместено во западниот дел на котлината Меглен, на 7 км северозападно од С’ботско. Лежи во југозападното подножје на планината Кожуф.

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во дадено време еден дел од жителите на Струпино го прифатиле исламот за да ја обезбедат својата лична и имотна сигурност. Во XIX век е заведено како наполно македонско село во Воденската каза. Според хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ кон крајот на XIX век Струпино (Струпина) било село на Македонци-христијани и Македонци-муслимани со вкупно машко население од 121 лице од 28 домаќинства.[4][5]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Струпино (Stroupino) било село во Воденската каза кое се состоело од 58 куќи во кои живееле 180 Македонци-христијани и 62 Македонци-муслимани.[6][7]

Во 1883 г. во Струпино почнала да работи бугарската пропаганда со отворање на бугарско училиште.[8]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Струпино било македонско село со 260 Македонци-христијани и 300 Македонци-муслимани.[6][9]

Христијанското население на Струпино потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Струпино (Stroupino) имало 384 Македонци под егзархијата и во него работело бугарско училиште.[6][10] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото имало 65 христијански и 50 муслимански куќи.[3]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 670 жители, кои во 1920 г. спаднале на 460.[3] Во 1920-тите муслиманското македонско население на Струпино е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место властите довеле грчки колонисти од Мала Азија и Понд. Во 1926 г. селото е преименувано во Ликостомон. Во 1928 г. Струпино имало 684 жители,[3] од кои 250 биле дојденци (66 семејства), а остатокот Македонци.[11]

Во 1940 г. населението пораснало на 984 жители, од кои 656 Македонци, а 328 грчки дојденци, што значи дека Макецонците имале двотретинско мнозинство.[3] Во Граѓанската војна Струпино прилично настрадало. Повеќе македонски семејства морале да се иселат во Р Македонија, а останатите Македонци зимата 1947 г. биле присилно иселени од властите во С’ботско. Во тоа време според статистиката на НОФ, Струпино имало 500 Македонци и 300 грчки дојденци.[3] По војната, иселените во С’ботско се вратиле во Струпино, но до 1951 г. селото веќе спаднало на 335 лица. Во следните две десетлетија населението се накачило, со 491 лица во 1961 и 463 во 1971 г., но потоа повторно опаднало.[3]

Според истражување од 1993 г. селото е мешано словенојазично-дојденско (т.е. македонско-грчко) и во него македонскиот и понтскиот грчки се зачувани на средно ниво, а турскиот на ниско.[12]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 984 355 491 463 382 368 395 403 336
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

уреди

Селото произведува претежно грав, индустриски пиперки, тутун, жито и овошје. Делумно е развиено и сточарството.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Στρούμπινο -- Λυκόστομον
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 101.
  4. Нарекувајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
  5. Райчевски, Стоян (2004) [1998]. „ГЕОГРАФСКИ ПРЕДЕЛИ – Македония“. Българите мохамедани (второ издание. изд.). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 123. ISBN 954-9308-51-0.
  6. 6,0 6,1 6,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  7. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 156 – 157.
  8. Илюстрация Илинден, година 9, книга 9 (89), ноември 1937, стр. 2.
  9. Кънчов, Васил. „Воденска Каза“. Македония. Етнография и статистика. София: Българско книжовно дружество в София. стр. 150.
  10. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 190-191.
  11. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  12. Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"