Цакон Маала
Цакон Маала или Јурук Маала[2] (грчки: Τσάκοι, Цаки; до 1926 г. Τσάκων Μαχαλά, Цакон Махала[3]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција.
Цакон Маала Τσάκοι | |
---|---|
Координати: 40°57.18′N 22°02.15′E / 40.95300° СГШ; 22.03583° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Постолски |
Општина | Меглен |
Општ. единица | С’ботско |
Надм. вис. | 150 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 875 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа во средишниот дел на котлината Меглен, на 3 км југозападно С’ботско.[2]
Во Отоманското Царство
уредиОва е релативно ново село, основано од Турци Јуруци.[2] Во XIX тоа било село во Воденската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Цакон Махале живееле 550 Турци.[4]
Егзархиската статистика за Воденската каза од 1912 г. го води селото со 550 жители Турци.[2] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Цакон-махала пред Балканските војни имало 150 куќи на Турци.[5]
Во Грција
уредиЗа време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. согласно Букурешкиот договор влегло во состав на Грција. Таа година населението броело 682 жители кои во 1920 г. се намалиле на 526 лица.[2]
Во 1924 г. согласно Лозанскиот договор турското население е иселено во Турција, а на негово место се доведени Грци од Понт и Мала Азија, Турција.[2] Во 1926 г. е преименувано во Цаки или Цаконес (Τσάκωνες). На пописот од 1928 г. селото се води како чисто дојденско со 99 семејства сочинети од 118 лица.[6]
За време на Граѓанската војна (1946-1949) дел од населението пребегало во Солун и полските села во Ениџевардарско.[2]
Земјиштето целосно се наводнува и се произведуваат пиперки, десертно грозје и овошје.[2]
Име | Грчки | Ново име | Грчки | Опис |
---|---|---|---|---|
Белица[7] | Μπελίτσα | Аспропотамос | Άσπροπόταμος[8] | река на С од Цакон Маала[7] |
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 455 | 340 | 332 | 361 | 352 | 371 | 1.020 | 961 | 875 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 104. ISBN 9989-9819-5-7.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 150. ISBN 954430424X.
- ↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 24.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
- ↑ 7,0 7,1 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 496. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος (грчки). Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 150): 1071. 1969. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help)