Горно Родиво
Горно Родиво (грчки: Άνω Κορυφή, Ано Корифи; до 1925 г. Κάτω Ράδοβος, Като Радовос или Κάτω Ράδοβος, Като Радово[1]) — поранешно село во Воденско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Сè до неговото распаѓање во 1947 г. било населено исклучиво со Македонци.[2]
Горно Родиво Άνω Κορυφή | |
---|---|
Координати: 40°55.58′N 21°54.14′E / 40.92633° СГШ; 21.90233° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Постолски |
Општина | Меглен |
Општ. единица | С’ботско |
Надм. вис. | 380 м |
Население | |
• Вкупно | иселено (1947) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото било сместено во западниот дел на котлината Меглен, на 18 км југозападно пд С’ботско, во источното подножје на планината Мала Ниџе (Кајмакчалан).[2]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиСпоред статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Горно Родиво живееле 200 Македонци христијани.[3][4] Населението било под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Горно Радово (Gorno Radovo) имало 184 Македонци под егзархијата, а работело и бугарско училиште.[3][5] Во 1906 г. во Горно Родиво е отворено бугарско училиште.[6] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 37 македонски куќи.[2]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 161 жител, кои во 1920 г. се накачиле на 190.[2] Во 1922 г. е преименувано во Ано Корифи, што значи „горен врв“.[7]
Во 1940 г. Горно Родиво имало 326 жители. Селото се распаднало во зимата 1947 г. за време на Граѓанската војна. Највеќето жители се иселиле во Р Македонија и селото повеќе не било обновено.[2]
Личности
уреди- Лазар Димитров (1874 – 1903) — воденски војвода на ВМРО
- Георги Симеонов — деец на ВМРО, војвода на чета во Воденско за време на Илинденското востание, роден во Горно или Долно Родиво[8]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 326 | — | — | — | — | — | — | — |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Άνω Ράδοβος -- Άνω Κορυφή
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 85–86.
- ↑ 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 150.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190-191.
- ↑ Илюстрация Илинден, година 9, книга 9 (89), ноември 1937, стр. 2.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Άνω Ράδοβος -- Άνω Κορυφή
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 150.