Рудино
Рудино (грчки: Άλωρος, Алорос; до 1922 г. Ρούδινος, Рудинос[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 417 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.[3]
Рудино Άψαλος | |
---|---|
Координати: 40°55.34′N 22°5.23′E / 40.92233° СГШ; 22.08717° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Постолски |
Општина | Меглен |
Општ. единица | С’ботско |
Надм. вис. | 120 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 357 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото е сместено во јужниот дел на котлината Меглен, 7 км јужно од С’ботско и 16 км северно од Воден.
Историја
уредиАнтика
уредиКај селото се откриени наоди од древномакедонско време. Над селото има тврдина, која се постоветува со стариот град Европ, и која од север, исток и југ е заградена со реката Мегленица, контролирајќи ги патиштата на југ и и на север. Во ископувањата спроведени во 1986 и 1993 г. се откриени македонски и други монети од IV до II век п.н.е. Во 1978 г. е откриена и доцномакедонска гробница од II век п.н.е. како и наоди од римско време.[4]
Во Отоманското Царство
уредиВо селото има стари бакарни рудници, од кои еден работел и во подоцнежните векови. Се смета дека селото е наречено по нив.[4] Рудинскиот мост на реката Мегленица е изграден во османлиско време.[5]
Дел од жителите на Рудино во дадено време го прифатиле исламот за да ја обезбедат својата лична и имотна сигурност. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Будино (Boudino) било село во Воденската каза со 53 домаќинства од 136 Македонци-христијани и 198 Македонци-муслимани.[6][7] Кон крајот на векот населението станало наполно муслиманско, за што сведочи хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ, кој вели дека на крајот од XIX век Рудино (Рудина) било Македонци-муслимани со машко население од 325 души во 93 домаќинства.[8][9] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Рудино имало 550 Македонци-муслимани.[6][10]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 449 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 395.[3] Во 1922 г. е преименувано во Алорос. Во 1920-тите населението на Рудино е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место властите довеле грчки колонисти од Никопол во Понд.[4] Според пописот од 1928 г. Рудино било дојденско село со 489 жители од 121 семејство.[11]
Во 1940 г. селото броело 694 жители, кои во 1951 г. се намалиле на 529 како последица од Граѓанската војна.[3] Во текот на следните години дошло до битен пораст на населението, по што настапило постепено намалување.
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 694 | 529 | 752 | 569 | 536 | 583 | 464 | 417 | 357 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
уредиЦелото земјиште на селото се наводнува и дава високи приноси. Највеќе се произведуваат овошје, тутун, индустриски пиперки, десертно грозје и друго, а застапено е и краварството.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ρούδινος -- Άλωρος
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 98.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 „Τοπική Κοινότητα Αλώρου“. Δήμος Αλμωπίας. Посетено на 17 јуни 2014.
- ↑ „Γέφυρα στο Άλωρο“. Βάση Δεδομένων για την Ιστορική κληρονομιά της Αλμωπίας - Lhi-Lna. Посетено на 20 април 2018.[мртва врска]
- ↑ 6,0 6,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 158 - 159.
- ↑ Нарекувајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
- ↑ Райчевски, Стоян (2004) [1998]. „ГЕОГРАФСКИ ПРЕДЕЛИ – Македония“. Българите мохамедани (II. изд.). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 123. ISBN 954-9308-51-0.
- ↑ Кънчов, Васил. „Воденска Каза“. Македония. Етнография и статистика. София: Българско книжовно дружество в София. стр. 150.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.