Костурени

село во Воденско, Егејска Македонија

Костурени или Костурино (Ξιφιανή, Ксифјани; до 1953 г. Ξυφώνια или Ξυφώνεια, Ксифонија[2]; до 1922 г. Κωστούργιαννη, Костурјани[3]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 628 жители (2021). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци, а денес е мешано.[4]

Костурени
Ξιφιανή
Поглед на Костурени
Поглед на Костурени
Костурени is located in Грција
Костурени
Костурени
Местоположба во областа
Костурени во рамките на Меглен
Костурени
Местоположба на Костурени во општината Меглен и областа Централна Македонија
Координати: 40°55.48′N 22°4.50′E / 40.92467° СГШ; 22.07500° ИГД / 40.92467; 22.07500
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаМеглен
Општ. единицаС’ботско
Надм. вис.&10000000000000120000000120 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно628
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото е смесетено во котлината Меглен, 16 км северно од Воден и на 4 км јужно од С’ботско.

Историја

уреди

Средновековие

уреди

На западната страна на ридот Свети Димитриј има остатоци од населба од IX век. Тука се откриени рушевини од црква. Се смета дека ова била првобитната местоположба на селото, преместено во периодот од 1780 до 1790 г. на сегашното место заради сигурност.[5]

Во Отоманското Царство

уреди

Костурени првично било чисто христијанско село. Дел од жителите на Костурени во дадено време го прифатиле исламот за да ја обезбедат својата лична и имотна сигурност. Црквата „Св. Димитриј“ на истоимениот рид е изградена во 1858 г.[5] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1973 г. Костурени (Kostouréni) било село во Воденската каза со 77 куќи на 325 жители, од кои 190 биле Македонци-христијани, а 135 биле Македонци-муслимани.[6]

Според хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ на крајот на XIX век Костурино (Кустурјани) — македонско муслиманско[7] село со машко население од 314 души и 90 домаќинства.[8] Согласно статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Костурино (Костурени или Костурчани) — македонско село сочинето од 250 Македонци-христијани и 700 Македонци-муслимани[9].[10]

Целото христијанско население на селото било под врховенството на Цариградската патријаршија (грчката црква) и меѓу него силно работела грчката пропаганда. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Костурени (Kostoureni) имало 280 Македонци под патријаршијата и во него работело грчко училиште.[9][11] Наскоро проработела и бугарската пропаганда, па во 1909 г. селото е отворено и бугарско училиште.[12]

Гркоманите од Костурени зеле активно учество во грчката вооружена пропаганда во Македонија.[5]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 722 жители, кои во 1920 г. биле 710.[4] До 1922 г. било во иста општина заедно со Рудино и Слатина. Истата 1922 г. е преименувано во Ксифонија, а во 1953 г. во Ксифјани, во чест на византискиот војсководец Никифор Ксифија.[5] Во 1920-тите муслиманското македонско население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место властите довеле грчки колонисти. Во 1928 г. селото е заведено како мештанско-дојденско (македонско-грчко) со 640 жители,[4] од кои 426 лица (107 семејства) биле дојденци.[13]

Според истражување од 1993 г. селото е мешано „словенојазично-дојденско“, во кое македонскиот и понтскиот грчки се зачувани на средно ниво.[14]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 850 823 889 944 923 879 850 767 628
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

уреди

Селото важи за доста богато бидејќи лежи во поле и земјиштето се наводнува од реката Мегленица. Главни производи се индустриски пиперки, тутун, овошје, жито и друго.[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ξυφώνια -- Ξιφιανή
  3. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κωστούργιαννη -- Ξυφόνεια
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 92.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Τοπάλης, Νικόλαος. „Τοπική Κοινότητα Ξιφιανής“. Δήμος Αλμωπίας. Посетено на 18 јуни 2011.
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 158 – 159.
  7. Нарекувајќи ги „Бугари/помаци“ под влијание на бугарската пропаганда.
  8. Райчевски, Стоян (2004) [1998]. „ГЕОГРАФСКИ ПРЕДЕЛИ – Македония“. Българите мохамедани (второ издание. изд.). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 123. ISBN 954-9308-51-0.
  9. 9,0 9,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  10. Кънчов, Васил. „Воденска Каза“. Македония. Етнография и статистика. София: Българско книжовно дружество в София. стр. 150.
  11. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 190-191.
  12. Илюстрация Илинден, година 9, книга 9 (89), ноември 1937, стр февруари
  13. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  14. Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"