Мегленска тврдина
Мегленска тврдина (грчки: Κάστρο Μογλενών, Κάστρο Χρυσής) — средновековна тврдина, чии остатоци се наоѓаат близу воденското село Слатина (Хриси) во општината Меглен, Егејска Македонија, денес во Грција.[1]
Κάστρο Μογλενών | |
Мегленската тврдина од југоисток | |
Место | Слатина, Воденско |
---|---|
Област | Егејска Македонија, Грција |
Координати | 40°57′14″N 22°06′16″E / 40.9538° СГШ; 22.1045° ИГД |
Површина | 4 ха |
Историја | |
Раздобје | среден век, можеби и антика |
Белешки за наоѓалиштето | |
Состојба | делумно зачувана |
Историја
уредиСе смета дека тврдината е средновековниот град Меглен, седиште на истоимената византиска тема и епархија од XI век или порано.[1] Во 1134 г. е засведочен епископот Иларион Мегленски.[2][3]
Според патешественикот Алфред Делакулонш од XIX век, ова е местото на древномакедонскиот град Европ, претпоставка усвоена од археологот Деспина Евгениду. Меѓутоа, на ова место засега не се откриени остатоци од антички град, а за местоположбата на Европ има и други мислења, како она на Николаос Пападакис кој во 1913 г. го поистоветил со Рудинското кале кај с. Рудино (Алорос).[1]
Тврдината била упориште на кавханот Дометијан и болјарот на Мегленската област, Илица[4] против војската на византискиот цар Василиј II. За да ја заземе, во 1015 г. Василиј бил принуден да ја пренасочи реката Мегленица, да ги поткопа темелите на тврдината и да користи оган за конечно да ја пробие.[5] Меглен се споменува во грамотите на царот Василиј II, во кои се определуваат границите на Охридската архиепископија.[1]
Во 1980 г. Мегленската тврдина е прогласена за заштитено археолошко наоѓалиште.[6]
Опис
уредиЗачуваните ѕидини на крепоста се од X–XII век, но веројатно се изградени врз постари одбранбени ѕидови. Ѕидовите се наполно проследливи, но подобро се запазени во јужниот и источниот дел.[1] Денес преостанатиот бедем има приближна должина од 500 метри и достига 7 метри во висина. Направени се од камења земени од реката Мегленица и редови од дробена тула. Зачувани се две елипсовидни, една округла и една квадратна кула.[1]
Подрачјето во ѕидините зафаќа 4 хектари, и се чини дека било проширувано на исток. Во рамките на тврдината е откриена трикорабна епископска базилика. Вон ѕидовите, во Долниот Град е пронајдена гробна црква.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 „Κάστρο Χρυσής“. Βάση Δεδομένων για την Ιστορική κληρονομιά της Αλμωπίας - Lhi-Lna. Архивирано од изворникот на 2018-04-03. Посетено на 3 април 2018.
- ↑ http://www.pravenc.ru/text/389221.html На
|chapterurl=
му недостасува наслов (help). Православная энциклопедия. Грешка во Lua: . Москва: Церковно-научный центр «Православная энциклопедия». 2009. стр. 201–204. ISBN 978-5-89572-040-0. - ↑ Μελίσσας, Λάζαρος (2014). Η Μητρόπολη Μογλενών και Φλωρίνης μέσα από τα αρχεία της Αντιπροσωπείας - Δημογεροντίας (1907 - 1913) (Διπλωματική εργασία) (PDF). Θεσσαλονίκη: Πανεπιστήμιο Μακεδονίας. Σχολή Οικονομικών και Περιφερειακών Σπουδών. Τμήμα Βαλκανικών, Σλαβικών και Ανατολικών Σπουδών. стр. 190.
- ↑ „Пламен Павлов, Пламен Павлов. Бунтари и авантюристи в средновековна България. Велико Търново: Абагар, 2000“. Архивирано од изворникот на 2014-11-08. Посетено на 2019-10-29.
- ↑ Чолпанов, Борис (1976). Векове от слава, том 1. Военно издателство. стр. 90.
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΕ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/68102/2652/4-12-1979 - ΦΕΚ 188/Β/25-2-1980“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2020-09-27. Посетено на 18 октомври 2014.
Надворешни врски
уреди- Мегленска тврдина на Ризницата ?