Ошински манастир
Ошински манастир „Св. Архангел Михаил“ (грчки: Ιερά Μονή Αρχαγγέλου Μιχαήλ) — манастир кај селото Ошин, Мегленско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2][3] Посветен е на Чудото на Архангел Михаил во Хона (του εν Χώναις θαύματος).[4]
Ошински манастир | |
---|---|
Свети Архангел Михаил | |
Αγίων Πέτρου και Παύλου | |
Поглед на манастирската црква | |
41°5′50.26″N 22°16′51.96″E / 41.0972944° СГШ; 22.2811000° ИГД | |
Место | Ошин, Мегленско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Изградба | 1843 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | С’ботско |
Епархија | Воденско-постолско-мегленска |
Местоположба
уредиМанастирот се наоѓа на мал рид над селото Ошин, во северните пазуви на планината Пајак во областа Меглен. Обиколен е од шума со костени, ореви, јаболкници и цреши со езерца и мали водопади. Забележителен е малиот мост преку манастирскиот поток.[2]
Историја
уредиМанастирот првобитно е изграден во XI век на местото на старо паганско светилиште на Артемида Агротера, судејќи по откирениот олтар.[2] Го носел името на Свети Јован Претеча и бил под непосредна јурисдикција на Великата Лавра на Света Гора. Околу 1790 г. Власите-муслимани од соседното село Ноти го запалиле и изгореле. Обновен е во 1843 г. и посветен на Архангел Михаил. Во 1888 г. е живописана од крушевскиот зограф Анастас Зограф и синовите Вангел и Никола.[4][5][6]
Се наоѓа во областа Влахомеглен населена со Мегленовласи и така станал центар на романската пропаганда во регионот. Затоа во 1905 г. бил нападнат од грчки андарти и тие го убиле игуменот.[7] Игумен станал грчкиот офицер Михаил Анагностакос под името отец Христос,[8] а манастирот станал центар на грчката вооружена пропаганда. Бил користен како база на андартите Георгиос Какулидис (Михалис Драгас), Николаос Влахос и Емануил Скундрис.[2][6] Според грчки извори, манастирот е изгорен во 1903 г. од Власи-муслимани од Ноти.[3]
Од 1940 до 1989 г. манастирот бил запустен. Востановен е во 1989 г. од Воденската митрополија.[1]
Црквата е прогласена за историски споменик на 30 јуни 1986 г.[9]
Опис
уредиМанастирската црква од 1843 г. е трикорабна базилика со поткренато окно, нартекс, женска црква и трем од три страни. Внатре трите кораба се одделени со две редици од по шест насликани столбови, меѓусебно повразни со дрвени рамки покриени со кал, глина и слама. Средишниот кораб е засводен, а страничните имаат рамни дрвени тавани, заманети во 1996 г. Однадвор на северозападниот агол има камеен релјеф со глава на овен, на североисточниот агол има траги од уништен релјеф, на западната страна има релјефен крст, а на источната има птица, веројатно орел.[2] Во тремот има малку зачувани фрески од 1858 г. и некои од 1896 г.[4]
Впечатлив е резбаниот дрвен иконостас од 1860 г. Тој е богато насликан во четири последователни подрачја. Во првото се дванаесетте царски икони – Света Злата Мегленска, Свети Козма Етолски, Архангел Михаил, Свети Иларион Мъгленски, Чудото во Хона на Архангел Михаил, Света Богородица, Исус Христос, Свети Димитрија, Архангел Михаил, Свети Ѓорѓи Нов Кападокиски и Свети Ѓорѓи Нов Јанински. Во двете средни подрачја на иконостасот има четириесет и шест помали икони, а во последното има девет.[2] Најастарата икона е од 1762 г.[4]
Воедно впечатливи се и фреските на крушевските зографи од 1888 г., а оние на јужниот ѕид се уникатни. Двете најзабележителни сцени се вдахновени од Стариот завет. Првата е уништувањето на Ерусалим и колежот на Евреите. Претставен е Авдемелех како спие под едно дрво, а над него виси кошница полна смокви. Истата сцена е присутна и во црквата „Св. Петка“ во Бериславци. Втората сцена го претставува мачеништвото на пророкот Исаија по заповед на царот Седекија. Пророкот е насликан со главата надолу, како го сечат двајца џелати. Сцената се среќава во многу цркви од средината на XIX век. На северниот ѕид на наосот се сцени од житието на Исус Христос, страстите и множество светци, главно во третото долно подрачје. На западиот ѕид е мачеништвото на Света Злата Мегленска. Во внатрешноста импресионира огромната сцена на Успението на Пресвета Богородица и Акатистот.[2]
-
Фреска од црквата
-
Св. Злата Мегленска
Литература
уреди- Τουσίμης, Γεώργιος, Αλίκη-Αικατερίνη Στουγιαννάκη (1992). Ιερά Μονή Αρχάγγελου Μιχαήλ, Αριδαίας – Πέλλης, ιστορική έρευνα (грчки). Έδεσσα: έκδοση της Ιεράς Μονής του Αρχάγγελου Μιχαήλ αριθ. 1. Занемарен непознатиот параметар
|lang-hide=
(help); no-break space character во|title=
во положба 38 (help)
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Ιερά Μονή Αρχαγγέλου Μιχαήλ“. Μοναστήρια της Ελλάδος. Посетено на 25 јуни 2017.[мртва врска]
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 „Ιερά Μονή Αρχαγγέλου Μιχαήλ“. Βάση Δεδομпокроителένων για την Ιστορική κληρονομιά της Αλμωπίας – Lhi-Lna. Архивирано од изворникот на 2018-05-13. Посетено на 21 април 2018. no-break space character во
|publisher=
во положба 65 (help) - ↑ 3,0 3,1 „11η Εφορεία Βυζαντινών Αρχαιοτήτων“ (PDF). Αρχαιολογικόν Δελτίον (грчки). Αθήνα: Υπουργείο Πολιτισμού. Τόμος 49 (1994), Χρονικά Β'2: 558. 1999. ISSN 0570-622Χ. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-10. Занемарен непознатиот параметар
|lang-hide=
(help) - ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 „11η Εφορεία Βυζαντινών Αρχαιοτήτων“ (PDF). Αρχαιολογικόν Δελτίον (грчки). Αθήνα: Υπουργείο Πολιτισμού. Τόμος 49 (1994), Χρονικά Β'2: 575. 1999. ISSN 0570-622Χ. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-10. Занемарен непознатиот параметар
|lang-hide=
(help) - ↑ „Αρχάγγελος“. Δήμος Εξαπλατάνου. Посетено на 16 јуни 2014.
- ↑ 6,0 6,1 „Τοπική Κοινότητα Αρχαγγέλου“. Δήμος Αλμωπίας. Посетено на 17 јуни 2014.
- ↑ Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 264.
- ↑ Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 142.
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/15591/339/2-6-1995 - ΦΕΚ 579/Β/30-6-1995“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-04-22. Посетено на 18 октомври 2014.
Надворешни врски
уреди- Ошински манастир на Ризницата ?