Тодорци (познато и како Тудорци или Тудурци; грчки: Θεοδωράκι, Теодораки; книжевно: Θεοδωράκιον, Теодоракион; до 1925 година: Τούδορτσι, Тудорци[2]) — село во Мегленско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Меглен, во Централна Македонија, Грција.

Тодорци
Θεοδωράκι
Поглед на селото
Поглед на селото
Тодорци is located in Грција
Тодорци
Тодорци
Местоположба во областа
Тодорци во рамките на Меглен
Тодорци
Местоположба на Тодорци во општината Меглен и областа Централна Македонија
Координати: 40°57′N 22°12′E / 40.950° СГШ; 22.200° ИГД / 40.950; 22.200
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаМеглен
Општ. единицаКапињани
Надм. вис.&10000000000000420000000420 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно488
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на југозападните падини на планината Пајак, на надморска височина од 420 метри.[3]

Селото се наоѓа на 10 километри југоисточно од селото Капињани.

Историја

уреди

На два километри северно, во месноста Црковна полјана има остатоци на старо село.[4]

Црквите во селото биле трипати палени од Турците — еднаш црквата „Св. Атанасиј“ и двапати „Св. Спас“ — во 1850 и 1875 година.[4]

Во почетокот на XX век, Тодорци било чисто македонско село во Ениџевардарската каза на Отоманското Царство, едно од малкуте чисти христијански села во Меглен. Селото Тодорци отсекогаш било населено со Македонци и како такво до денеска нема претрпено никакви етнички промени.[3]

Населението во селото дало двајца учесници во грчката пропаганда — поп Божин Геракарис, јатак на грчките чети, отруен од мештаните во март 1906 година, и капитан Тано Сорцис (1873-1953), учесник во Балканската војна на грчка страна.[4]

Во 1909 година, во Тодорци било отворено бугарско училиште.[5]

Во октомври 1910 година, крај селото револуционерна чета водела борба со жандермеријата.[6]

Во селото биле населени грчки бегалци, вкупно 26 лица, но малку подоцна сите си заминале во селото, со што Тодорци останало чисто македонско село. Според пописот од 1928 година, селото било запишано како мешана населба со 6 бегалски семејства со вкупно 27 жители.[7]

Во 1925 година, името на селото било променето во Теодораки (Θεοδωράκι). Името веројатно потекнува од светецот Свети Тодор.

Селото настрадало за време на Граѓанската војна, кога неговите жители, во зимата 1947 година, биле присилно преселени од страна на грчките монархистички власти во полските села Капињани и Слатина. По нормализирањето на ситуацијата, се вратиле назад и го обновиле селото.[3]

Стопанство

уреди

Главни занимање на селаните е сточарството, а делумно е земјоделството.[3]

Население

уреди

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Тодорци живееле 336 Македонци.[3][8] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Тодорче (Todortche) имало 288 Македонци.[9]

Селото во пописот од 1913 година било забележано со 436, а во 1920 година со 354 жители. Во 1928 година броело 474 жители, од кои 26 бегалци, кои малку подоцна го напуштиле селото, а во 1940 година 651 жител, сите Македонци. Селото настрадало во Граѓанската војна и било привремено напуштено, бидејќи грчките власти присилно ги преселиле жителите во полските села во Меглен. Набрзо се вратиле и го обновиле селото, кое во 1951 година броело 651 жител, во 1961 година имало 792, во 1971 година 817, во 1981 година 805, а во 1991 година 745 жители.[3]

Според извештај од 1993 година, селото е чисто македонско и во него македонскиот јазик се говори на високо ниво.[10]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 772 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 583 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 651 651 792 817 805 745 772 583 488
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди
 
Новата црква во Тодорци.

Во 1919 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 73 квадратни километри.[3]

Селото припаѓа на општинската единица Капињани со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Меглен, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Тодорци, во кој е единственото село.

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви
  • Црква „Св. Атанасиј“ — нова црква во селото
  • Црква „Св. Спас“ — изградена околу 1800 година како трикорабна базилика со икони од 1778 година; била фрескоживописана во 1878 година од Божин Стаменитов од Пазар; била палена трипати од Турците, а денес претставува заштитен споменик на културата.[4]

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τούδορτσι -- Θεοδωράκι
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). „Воденски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 102.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „Γνωριμία με το Δήμο Εξαπλατάνου“ (грчки). Δήμος Εξαπλατάνου. Посетено на 21 март 2016.
  5. Илюстрация Илинден, година 9, книга 9 (89), ноември 1937, стр. 2.
  6. Дебърски глас, година 2, брой 28, 7 ноември 1910, стр. 4.
  7. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  8. Васил К’нчов. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 148.
  9. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 102-103.
  10. Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"

Белешки

уреди