Карадере Пазарско

поранешно село во Мегленско, Егејска Македонија

Карадере Пазарско или Карадере Ениџевардарско (грчки: Μαυρόλακκος Γενιτσών, Мавролакос Јеницон; до 1925 г. Καρά Δερέ Γενιτσών, Кара дере Јеницон[1][2]) — поранешно село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција.

Карадере Пазарско
Μαυρόλακκος Γενιτσών
Карадере Пазарско is located in Грција
Карадере Пазарско
Карадере Пазарско
Местоположба во областа
Карадере Пазарско во рамките на Меглен
Карадере Пазарско
Местоположба на Пазарско Воденско во општината Меглен и областа Централна Македонија
Координати: 40°54.9′N 22°7.23′E / 40.9150° СГШ; 22.12050° ИГД / 40.9150; 22.12050
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаМеглен
Општ. единицаС’ботско
Население
 • Вкупноиселено
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓало во јужниот дел на котлината Меглен, источно од Драгоманци и јужно од Слатина и Рудино. Лежело на десниот брег на реката Мегленица, спроти истоименото Карадере Воденско сместено на левиот.[1][3]

Историја

уреди

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Кара Дере живееле 80 Македонци-христијани и 165 Македонци-муслимани.[4] Според Тодор Симовски податоците се за двете села под името Карадере на двата брега на Мегленица.[1][3]

Егзархиската статистика за Воденската каза од 1912 г. ги води двете села како македонски муслимански, што според Симовски е погрешно, и според него населението било сочиенето од Турци Јуруци.[1] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни во Пазарска Карадере имало 30 турски куќи.[5]

Во Грција

уреди

За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. согласно Букурешкиот договор влегло во состав на Грција. Таа година населението броело 184 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 139 лица.[1]

Во 1924 г. согласно Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција и целото село останало напуштенјо.[3] Во 1925 г. селото е преименувано во Мавролакос.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 90. ISBN 9989-9819-5-7.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 91. ISBN 9989-9819-5-7.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 147. ISBN 954430424X.
  5. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 25.