Саракиново (грчки: Σαρακηνοί, Саракини; до 1925 г. Σαρακίνοβο, Саракиново[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 320 жители (2021) — сите Македонци.[3]

Саракиново
Σαρακηνοί
Сретселото на Саракиново
Сретселото на Саракиново
Саракиново is located in Грција
Саракиново
Саракиново
Местоположба во областа
Саракиново во рамките на Меглен
Саракиново
Местоположба на Саракиново во Постолскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°54.57′N 21°57.9′E / 40.90950° СГШ; 21.9650° ИГД / 40.90950; 21.9650
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаМеглен
Општ. единицаС’ботско
Надм. вис.&10000000000000570000000570 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно320
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.58400
Повик. бр.2384

Географија

уреди

Селото е сместено во источните падини на планината Ниџе, над котлината Меглен, 20 км северно од Воден.

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Според свештеникот Стојан Атанасов Саракински, селото го добило своето име по Сарацените, како што биле познати арапските муслимани во средновековието. Селото прво било чифлигарско, но уште во средината на XVIII век жителите си го откупиле. Во 1856 г. (или 1858 г.[4]) во Саракиново е отворено народно училиште со учител Грапљо од Струмица, и со одобрение на селските водачи, браќата Петар и Ристо Попови. По неговата смрт во 1859 г. на негово место дошол учителот Пандо, исто така од Струмица. Во 1863 г. народен учител во селото станал Ѓорѓи Маленков, кој ја зајакнал наставата. Во 1868 г. бил приуден да го напушти селото поради грчки клевети, па него го заменил отецот Иван Јанев, кој предавал бесплатно. Селската заедница го задолжила Ристо Попов да бара учител во Битола, во рускиот конзулат и кај македонските првенци. По нивна препорака од Велес го донел Андреј Богданов, кој предавал 5 години во Саракиново пред да биде истеран од властите. Браќата Попови и целото село дале отпор, поткупувајќи ги функционерите за да се врати Богданов, но една година селото станало без учител. Откако се вратил, Богданов предавал сè до 1879 г. кога бил уапсен и затворен во Воден, а подоцна и во Солун. Браќата Попови успеале да го ослободат по 6–7 месеци, но изречена му е забрана да предава во Саракиново. Учител одново бесплатно станал отецот Иван Јанев. Браќата Попови, заедно со Георги Гогов и браќата Ване и Зане Занешеви ја предводеле народната борба во Воденско. Во ноември 1875 г. воденскиот грчки владика е истеран од Саракиново и не стапнал во селото сè до 1912 г.[5]

 
Празнување на Св. Кирил и Методиј во Саракиново.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Саракиново (погрешно запишано како Larakinovo) било село во Воденската каза со 108 куќи и 487 жители Македонци.[6][7]

Во 1880 г. за учител во Саракиново е назначен Паско Крстев од Бизово. Во 1885 г. на негово место дошол Мојсеј Симеонов од Осој, Дебарско; во 1890 година — Иван Панов од Владово, а потоа Ристо Трпчев од Воден, Ристо Поп Иванов од Саракиново, Екатерина Иванова, Марија Иванова, Елена Иванова од Владово, Јордан Парчев од Неготино, Аврам П. Шилегов од Саракиново, Тодор Димитров од Лозенград, Тодора Томова, Фанија Томова од Воден, Спас Саракинов, Благоја Атанасов, Христо Петров Кирин од Саракиново, Манол Думчев од Бизово, Елена Х. Григорова, Трпче Х. Шаламанов, Димитар Томчев од Воден.[8]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“), во 1900 г. во Саракиново живееле 700 Македонци-христијани.[6][9]

Во 1893 г., во Саракиново е основан комитет на Македонската револуционерна организација чии членови биле свештеникот Иван Саракински, Георги Тацев, Георги Попов, Петар Кирин, Петре Јанев и курирот Петре Ичо Низамов. Селскиот комитет броело околу 150 лица со десетари, селски курири и други.[10]

Во селото работела бугарската пропаганда и било духовно и просветно потчинето на Бугарската егзархија. Според нејзиниот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Саракиново (Sarakinovo) имало 1.016 Македонци под егзархијата и во него работело бугарско училиште.[11]

Според попот Стојан Саракинов, пред Првата балканска војна:

Селото броеше 150 куќи, 200 ученици во грамадно трикатно училиште, со седум училници и една раскошна забавачница. Седум учителски простории со четири одделенија, I и II клас. За следната година се проектираше и III клас. Сето се издржуваше од селото. Се плаќаше по 25 лири на учител.[12]


Нешто подоцна Боривое Милоевиќ во Саракиново завел 112 куќи.[3]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција, согласно Букурешкиот договор, кога селото имало 921 жител. Тогаш било затворено бугарското училиште. Најголем дел од видните личности од селото се убиени, а останатите се пратени на робија по островите. Околу 30 семејства биле приморани да заминат во Бугарија, така што во 1920 г. бројот на жителите се намалил на 762.[3] Во 1923 г. грчките власти иселиле во Бугарија уште 35 семејства, од кои 18 во Софиско, 10 во Долен Воден (денес дел од Асеновград), 6 во градот Софија и 1 семејство во Свети Врач (Сандански), Пиринска Македонија.[3] Во 1925 г., името на селото е погрчено во Саракини. Покрај принудните иселувања, населението имало добра стапка на родност, па во 1928 г. броело 730 жители; во 1924 г. во Саракиново биле сместени 14 грчки колонисти, но наскоро го напуштиле,[3] па со тоа селото и понатаму останало наполно македонско.

Во 1940 г., населението бележи пораст на 868 жители. За жал, населението доста настрадало во Грчката граѓанска војна. Зимата 1947 г., властите го преселиле населението во рамничарските села Бизово и Полјани, а добар дел од останатите се иселиле во Р Македонија.[3] По војната, дел од селаните се вратиле и го обновиле Саракиново. Така, во 1951 г. населението се намалило на 318 жители и останало на таа приближна бројка и во понатамошните периоди.

Според истражувањето од 1993 г., селото е чисто „словенојазично“ и во него македонскиот јазик е зачуван на високо ниво.[13]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 868 318 390 406 356 335 375 351 320
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

уреди

Главно занимање на Саракиново е сточарството, бидејќи селото располага со огромни пасишта, но се одгледува и многу грав, ореви, арпаџик и друго.

Личности

уреди
 
Ангел Гацо
 
Ристо Саракинов

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαρακίνοβο -- Σαρακινοί
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 99.
  4. Младенов, Кирил. Областта Меглен в Македония, Историко-етнографски преглед и народностни борби, София 1936, цит. по Етнография на Македония. Извори и материали в два тома, т. 2, София 1992, стр. 306
  5. Илюстрация Илинден, май 1941, година 13, книга 5 (125), стр. 13 – 14.
  6. 6,0 6,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  7. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 156 – 157.
  8. Илюстрация Илинден, май 1941, година 13, книга 5 (125), стр. 14.
  9. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 150. ISBN 954430424X.
  10. Илюстрация Илинден, май 1941, година 13, книга 5 (125), стр. 15.
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, pp. 190 – 191.
  12. Илюстрация Илинден, май 1941, година 13, книга 5 (125), стр. 14 – 15.
  13. Riki Van Boeschoten. „Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)“
  14. 14,0 14,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  15. 15,0 15,1 15,2 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  16. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  17. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  18. 18,0 18,1 18,2 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.

Надворешни врски

уреди