Манастир (Воденско)
Манастир (грчки: Μοναστηράκι, Монастираки; до 1926 г. Μοναστηρτζίκ, Монастирѕик[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 141 жител (2021). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци, а денес е дојденско.[3]
Манастир Μοναστηράκι | |
---|---|
Координати: 40°55.35′N 21°58.36′E / 40.92250° СГШ; 21.97267° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Постолски |
Општина | Меглен |
Општ. единица | С’ботско |
Надм. вис. | 240 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 141 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото е сместено во областа Меглен, 2 км јужно од Бизово, југозападно од С’ботско и 25 км северно од Воден.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо дадено време еден дел од жителите на Струпино го прифатиле исламот за да ја обезбедат својата лична и имотна сигурност. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Монастирче (Monastyrtche) било село во Воденската каза со 38 куќи на вкупно 125 Македонци-муслимани.[4][5]
Според хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ, на крајот на XIX век Манастир бил македонско-муслиманско село со машко население од 227 лица во 66 домаќинства.[6][7] Споерд статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Манастир (Манастиръ) било село сочинето од 350 Македонци-муслимани.[4][8] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 70 македонски муслимански куќи.[3]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 427 жители, кои во 1920 г. спаднале на 348.[3] Во 1926 г. селото е преименувано во Монастираки, што е прост грчки превод. Во 1920-тите населението на Манастир е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место властите довеле грчки колонисти од Мала Азија. Според пописот од 1928 г. селото било чисто дојденско со 241 жител од 62 семејства.[9]
Во 1940 г. Манастир броел 373 жители, но настрадал во Граѓанската војна кога властите го повлекле населението во близкото село Бизово. По војната, во селото се вратиле само еден дел од жителите, па така во 1951 г. е забележано население од 132 лица.[3] Освен мало покачување во 1950-тите, бројноста на населението останала устојчива до денес.
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 373 | 132 | 191 | 154 | 161 | 155 | 169 | 164 | 141 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
уредиСелото има мошне плодно земјиште кое во добар дел се наводнува. Главни производи се гравот, тутунот, житото и овошјето.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μοναστηρτζίκ -- Μοναστηράκι
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 93.
- ↑ 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 158 – 159.
- ↑ Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.
- ↑ Райчевски, Стоян (2004) [1998]. „ГЕОГРАФСКИ ПРЕДЕЛИ – Македония“. Българите мохамедани (второ издание. изд.). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 123. ISBN 954-9308-51-0.
- ↑ Кънчов, Васил. „Воденска Каза“. Македония. Етнография и статистика. София: Българско книжовно дружество в София. стр. 149.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.