Карадере Воденско
Карадере Воденско (грчки: Μαυρόλακκος Βοδενών, Мавролакос Воденон; до 1925 г. Καρά Δερέ Βοδενών, Кара Дере Воденон[1][2]) — поранешно село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција.
Карадере Воденско Μαυρόλακκος Βοδενών | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 40°53.47′N 22°6.59′E / 40.89117°N 22.10983°E | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Постолски |
Општина | Меглен |
Општ. единица | С’ботско |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиКарарере се наоѓало во јужниот дел на котлината Меглен, источно од Драгоманци. Лежело на левиот брег на реката Мегленица, спроти исоименото Карадере Пазарско сместено на на десниот.[1]
Историја
уредиСпоред Стефан Верковиќ на крајот од XIX век Карадере било македонско муслиманско село со 148 машки жители и 35 домаќинства.[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Кара Дере жевееле 80 Македонци христијани и 165 Турци.[3][5] Според Тодор Симовски податоците се за двете села под името Карадере на двата брега на Мегленица.[1]
Егзархиската статиатика за Воденската каза од 1912 г. ги води обете села како македонски муслимански, што според Тодор Симовски е погрешно.[1] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Воденска Карадере имала 30 турски куќи.[6]
Во Грција
уредиЗа време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. согласно Букурешкиот договор влегло во состав на Грција. Таа година населението броело 190 жители. Во 1920 г. населението се намалило на 129 лица.[1]
Во 1925 г. селото е преименувано во Мавролакос.[1] Во 1924 г. согласно Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција, а на него место се доведени неколку грчки семејства. Според пописот од 1928 г. селото било дојденско со 9 семејства сочинети од 32 лица.[7] Според други податоци, стата година селото имало 35 жители дојденци.[1]
Селото е напуштено во 1935 г.[1]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 190 | 129 | 35 | — | — | — | — | — |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 90. ISBN 9989-9819-5-7.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Райчевски, Стоян (2004) [1998]. „Географски предели – Македония“. Българите мохамедани (второ издание. изд.). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 114. ISBN 954-9308-51-0.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 147. ISBN 954430424X.
- ↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 25.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 20 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012