Невор
Невор (Мало Северник или Мало Северјани; грчки: Νεοχώρι, Неохори) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 395 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.[2]
Невор Νεοχώρι | |
---|---|
Координати: 41°1.40′N 22°5.50′E / 41.02333° СГШ; 22.09167° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Постолски |
Општина | Меглен |
Општ. единица | С’ботско |
Надм. вис. | 170 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 315 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото сместено во северниот дел на котлината Меглен, 7 км северно од С’ботско и веднаш на исток од селото Северјани. Лежи во јужното подножје на планината Ниџе.
Историяја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо XIX век Невор било чисто македонско село во Ениџевардарската каза чии жители во дадено време го прифатиле исламот за да ја обезбедат својата лична и имотна сигурност. Според хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ, кон крајот на XIX век Невор (Невохор) било македонско-муслиманско село со машко население од 362 лица во 95 домаќиснтва.[3][4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Невор имал 630 жители, кои погрешно ги води како Турци.[2][5] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото имало 155 македонски муслимански куќи.[2]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 771 жител, кои во 1920 г. се намалиле на 624.[2] Во 1920-тите, по сила на Лозанскиот договор жителите на Невор како муслимани се иселени во селото Дегирмендузу кај Галиполе во Турција.[6] Од 1926 до 1927 г. било споено со соседното село Северјани.[7][8] На нивно место властите довеле грчки колонисти од Понд и Мала Азија. Според пописот во 1928 г. селото било чисто дојденско со 439 жители (121 семејство).[9]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 635 | 529 | 585 | 604 | 550 | 489 | 469 | 395 | 315 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
уредиСелото произведува тутун, индустриски пиперки, жито, овошје и друго.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 94.
- ↑ Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.
- ↑ Райчевски, Стоян (2004) [1998]. „ГЕОГРАФСКИ ПРЕДЕЛИ – Македония“. Българите мохамедани (второ издание. изд.). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 114. ISBN 954-9308-51-0.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 147. ISBN 954430424X.
- ↑ „Георги Зеленогора. Помаците в Турция, стр. 33“. Архивирано од изворникот на 2012-06-16. Посетено на 2019-12-20.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Νιχώρι -- Βορεινό
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βορεινό -- Νιχώρι
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.