Математика

апстрактно проучување броеви, количина, структура, врски и итн.
(Пренасочено од Математичка)

Математика претставува логички строго изучување на теми, како: квантитет,[1] структура,[2] простор[1] и промена.[3][4][5] Исто така, математиката е збир од знаења кој претставува предмет на дедуктивно расудување, почнувајќи со аксиоми и дефиниции. Математиката се користи во науката, инженерството, геодезијата, медицината и економијата. Зборот „математика“ доаѓа од старогрчкиот збор μάθημα (матема) што значи наука, знаење или учење и μαθηματικός (математикос), што значи љубител на учењето.[6][7]

Евклид, детаљ од „Атинска школа“ од Рафаело Санти.

Историја

уреди

Еволуцијата на математиката може да се гледа како серија на сè поголема апстракција, или можеби ширење на темите. Првата апстракција веројатно била апстракцијата на броевите. Констатацијата дека две јаболка и две круши имаат нешто заедничко, имено дека ги пополнуваат рацете на точно еден човек, било епохално откритие за човештвото. Притоа праисториските народи не само што научиле да бројат „конкретни предмети, туку и „апстрактни квантитети, како време - денови, годишни времиња и години. Аритметиката (како на пр. собирање, одземање, множење и делење) дошле како природен редослед. Монолитските споменици сведочат за постоењето и на геометријата.

За секој понатамошен чекор било потребно писмо или некој друг принцип на запомнување на броеви како црти или јаженца со јазли наречени кипу кои се користеле во царството на Инките за зачувување на бројчени податоци.

Уште од почетокот на запишаната историја, главните потреби за математиката биле оданочувањето и трговијата, соодносот меѓу броевите, мерење на земја и претскажување на астрономски настани. Овие потреби се општо поврзани со категориите во математиката: „квантитет, „структура, „простор и „промена.

Оттогаш математиката е многу проширена со многу плодородно заемно дејство меѓу неа и другите науки.

Инспирација, чиста и применета математика и естетиката

уреди

Математиката се јавува секаде каде што постојат комплицирани проблеми со квантитет, структура, простор или промена. Најпрвин овие се јавувале во трговијата, мерење на земја и подоцна во астрономијата; денес, проблеми за математичарите се јавуваат кај сите науки, а многу проблеми исто така се јавуват и во самата математика. Њутн ја измислил анализата на бесконечно мали вредности и Фејман неговата Фејманова патна интеграла користејќи се со комбинација од расудување и физички набљудувања, како и денешната теорија на струните која претставува инспирација за нови математички подвизи. Дел од математиката е релевантна само на она кое ја инспирирало, и се применува за решавање на понатамошни проблеми во таа област. Но често математиката која е инспирирана од едно нешто се покажува како корисна во многу сфери.Кај речиси сите научни предмети, експлозијата на знаење во научното доба е директно одговорно за специјализацијата во математиката. Една главна поделба е помеѓу чиста математика и применета математика. Во рамките на применетата математика постојат две главни области, статистика и информатика.Многу математичари зборуваат за елеганцијата на математиката, нејзината вродена естетика и внатрешната убавина. Постои и убавина во итриот доказ, како Евклидовиот доказ дека постојат бесконечно многу прости броеви.

Нотација, јазик и строгост

уреди

Речиси сета математичка нотација која ја користиме денес не била измислена сè до 16 век. Пред тоа, математиката била испишувана со зборови, маконтрпна процедура која ја ограничувала математичката иновација. Современата нотација му ја олеснува математиката на стручњакот, но почетниците често ја гледаат како баук. Таа е екстремно збиена: неколку знаци содржат голем број информации. Математичкиот јазик е исто така тежок за почетници. Дури и обичните зборови како или и само имаат попрецизно значење отколку кај секојдневниот говор. Математичарите, како правниците, се стремат да бидат што по недвосмислени и јасни. Исто така збунувачки за почетниците се зборовите отвори и поле кои во математиката имаат посебно значење и математичкиот жаргон содржи технички изрази како „хомеоморфизам“ и интегралност. Математичарите ја нарекуваат прецизноста во математиката и логиката „строгост“.

Строгоста на фундаментално ниво е предмет на математички доказ. Математичарите се трудат нивните теореми да следат од аксиоми по пат на систематично расудување. Ова служи за избегнување на погрешни „теореми“, засновани на погрешливи интуиции, кои се имаат случено доста пати во историјата (како на пример кај математичката анализа). Нивото на строгоста во математиката варирала пред времето; грците очекувале детални аргументи, но веќе во времето на Исак Њутн методите биле помалку строги. Денес математичарите расправаат за компјутеризирани докази.

Традиционално аксиомите се сметаат за „вистини очигледни сами по себе“, но дека нивната замисла е проблематична. На формално ниво, аксиомата е само една нишка од знаци, која има внатрешно значење само во контекст на целосно изводливи формули кај аксиоматичкиот систем.

Дали математиката е наука?

уреди

Карл Фридрих Гаус ја нарекол математиката „Кралица на науките“. Ако сметаме дека науката треба да се занимава само со физичкиот свет, тогаш математиката, или барем чистата математика, не е наука. Кар Попер сметал дека математиката не е експериментално погрешлива и затоа не е наука. Друг став кај некои полиња (како кај теоретската физика) е дека математиката треба да содржи аксиоми кои соодветствуваат на реалноста. Всушност, теоретскиот физичар, J. M. Циман, се има искажано дека смета дека науката е јавно знаење и затоа математиката ѝ припаѓа на неа. [1] Во секој случај, математиката има многу заедничко со физичките науки, особено со истражувањето на логичките последици од хипотезите. Интуицијата и експериментацијата исто така играат улога во обликувањето на хипотезите како во математиката, така и во другите науки.

Ставовите на математичарите по оваа тема се различни. Додека некои математичари што се занимаваат со применета матекатика се сметаат за научници, оние кои работат на чиста математика сметаат дека се повеќе логичари, отколку научници и затоа дека се во основа, филозофи. Мнозина математичари сметаат дека со тоа што математиката се нарекува наука се омаловажува нејзината естетска улога, и нејзината теорија во традиционалните седум уметности; други пак, решаваат да ја игнорираат поврзаноста на математиката со науките.

Преглед на математичките полиња

уреди

Како што споменавме погоре, главните математички дисциплини настанале со потребите во трговијата, односите помеѓу броевите, мерењет на земја и претскажувањето на астрономски појави. Овие четири потреби соодветствуваат на поделбата на математичката тематика на квантитет, структура, простор и промена (т.е. аритметика, алгебра, геометрија и анализа).

Изучувањето на квантитетот започнува со броеви, најпрвин познатите природни броеви и цели броеви и нивните аримтетички операции, кои се окарактеризирани во самата аритметика. Подлабоките својства на целите броеви се изучуваат во теоријата на броевите.

Изучувањето на структурата започнало со истражувањето врз Питагорината тројка. Нелоитските споменици на Британските Острови се направени со помош на Питагорини тројки. Потоа ова довело до пронајдокот на поапстрактни броеви, како квадратниот корен. Подлабоките структурни својства на броевите кои се изучуваат во аптрактната алгебра и истражувањето врз групи, кола, полиња и други апстрактни бројни системи. Исто така тука спаѓа и важниот систем на вектори, генерализирани до векторски простори кои се изучуваат и во линеарната алгебра. Изучувањето на векторите ги содинува трите фундаментални математички полиња, квантитет, структура и простор.

Изучувањето на просторот започнало со геоматријата, со почеток во Евклидовата геометрија. Тригонометријата ги содеинува просторот и бројот. Современиото изучувње на просторот вклучува и повеќе димензии, неевклидовите геометрии (окои се од суштинско значење за општата релативност) и топологијата. Просторот и квантитетот играат улога кај аналитичката геометрија, диференцијалната геометрија и алгебарската геометрија. Во рамките на дифиренцијалната геометрија постојат концептите влакнести снопови и анализа на многуобразности. Во рамките на алгебарската геометрија постои и опис на геометриски тела како множества на решенија на полиномни равенки, кои ги соедниваат концептите на квантитет и простор, како и изучувањето на тополошки групи, кои пак ги соединуваат структурата и просторот. Ли групите се користат за изучување на простор, структура и промена. Топологијата во сета своја разгранетост веројатно е најбрзо растечката област во математиката од 20 век.

Проучувањето и описот на промени е честа тема на природните науки и математичката анализа и истиот претставува многу корисна алатка. Главниот концепт за опис на промена на квантитет е функцијата. Многу проблеми природно водат до нивниот квантитет и степенот на промена, како и до методите на диференцијални равенки. Броевите се чија помош се изразуваат континуираните квантитети се нарекуваат реални броеви, а деталното истражување на нивните својства и својствата на реално-борјните функции се нарекува реална анализа. Овие се генерализирани, со додавање на квандратниот корен од -1 на комплексни броеви, кои се изучуваат во комплексната анализа. Функционалната анализа се концентрира на (обично бесконечно-димензионални) простори на функциите. Една од честите примени на функционалната анализа е кај квантната механика. Многу природни појави се објаснуваат со динамички системи; теоријата на хаосот ги прецизира начините на кои многу од овие системи прикажуваат непредвидливо, но сепак детерминационо однесување.

По квантитетот, структурата, просторот и промената постојат области на чиста математика на кои може да им се пријде само до дедуктивно расудување. За разјаснување на основите на математиката биле измислени полињата математичка логика и теорија на множествата. Математичката логика која се дели на теорија на рекурзија, теорија на модели, и доказна теорија, денеска е тесноповрзана со информатиката. Кога комјутерите биле за првпат измислени, математичарите обликувале неколку важни теоретски концепти во информатиката, коие водат до полињата на теоријата на пресметливоста, теоријата на пресметковната комплексност и информациската теорија. Многу од овие теми денес се истражуваат во рамките на теоретската информатика. Математичките полиња кои се занимаваат со информатиката се нарекуваат дискретна математика.

Главни теми во математиката

уреди

Квантитет

уреди
Квантитетот почнува со броење и мерење.
         
Природни броеви Цели броеви Рационални бреоеви Реални броеви Комплексни броеви
БројХиперкомплексни броевиКватерниониОктониониСедениониХиперреални броевиНадреални броевиРедни броевиОсновни броевип-адични броевиЦелобројни низиматематички константиНазиви на броевиБесконечностОснова

Структура

уреди
Поимување на големина, симетрија и математичка структура.
         
Аритметика Теорија на броеви Апстрактна алгебра Теорија на групи Броен ред
МоноидиКолаПолињаЛинеарна алгебраАлгебарска геометријаУниверзална алгебра

Простор

уреди
Визуелен пристап кон математиката.
         
Геометрија Тригонометрија Диференцијална геометрија Топологија Фрактална геометрија
Алгебарска геометријаДиференцијална топологијаАлгебарска топологијаЛинеарна алгебраКомбинаторска геометријаМногуобразија

Промена

уреди
начин на исразување и работа со промени кај математичките функции и промени помеѓу броевите.
         
Математичка анализа Векторска анализа Диференцијални равенки Динамички системи Теорија на хаосот
АнализаРеална анализаКомплексна анализаФункционална анализаСпецијални функцииМераХармониска анализаАнализа на варијации

Темели и методи

уреди
Приоди кон спознавањето на природата на математиката.
     
Математичка логика Теорија на множества Теорија на категории
Основи на математикатаФилозофија на математикатаИнтуиционизамКонструктивизамДоказна теоријаТеорија на моделиОбратна математика

Дискретна математика

уреди
Дискретната математика содржи техники кои се применуваат врз тела кои можат да имаат само специфични, засебни вредности.
     
Комбинаторика Пресметковна теорија Криптографија Теорија на графи
Теорија на пресметковностТеорија на пресметковна комплексностИнформациска теорија

Применета математика

уреди
Применетата математика има за задача да развива нова математика за решавање на проблеми во вистинскиот живот.
Математичка физикаМеханикаМеханика на течноститеБројчена анализаОптимизацијаВеројатностСтатистикаМатематичка економикаФинансова математикаТеорија на игритеМатематичка биологијаКриптографијаМатематиката и архитектуратаМатематика на музичките скали

Важни теореми

уреди
Следниве теореми ги интересираат и математичарите и не-математичарите.
Видете список на теореми за повеќе
Питагорина теоремаПоследна Ферматова теоремаГеделови теореми за нецелосностОсновна теорема на аритметикатаОсновна теорема на алгебратаОсновна теорема на анализатаКанторов дијагонален аргументЧетирибојна теоремаЦорнова лемаОјлеров идентитетКласификациони теореми за рамнинитеГаус-Бонетова теоремаКвадратен реципроцитетРајман-Рохова теорема.

Важни хипотези

уреди

Видете список на хипотези за повеќе

Ова се дел од главните засега нерешени проблеми во математиката.
Голдбахова хипотезаХипотеза за простите броевиРиманова хипотезаПоинкарева хипотезаЛолацова хипотезаP=NP? – отворени Хилбертови проблеми.

Историјата и светот на математиката

уреди

Поврзано: Список на теми во историјата на математиката

Историја на математикатаМатематички времепловМатематичариФилдсов медалАбелова наградаМилениумски наградни проблемиИнтернационален математички сојузМатематички натпревариЛатерално мислењематематичко образованиеМатематички способности и пол

Математиката како тема во уметноста и во популарната култура

уреди
  • „Компаративна алгебра“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.[8]
  • „Мала вежба по математика со синот“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.[9]
  • „Математичарот и Андреј Семјонович“ - краток расказ на рускиот писател Данил Хармс.[10]
  • „Бог ѝ се поклонува на математиката“ (англиски: God Bows To Math) - песна на американската рок-група Минитмен (Minutemen) од 1984 година.[11]
  • „Читање, пишување и аритметика“ (англиски: Reading, Writing And Arithmetic) — музички албум на англиската рок-група Сандејс (The Sundays) од 1988 година.[12]
  • „Кинеска аритметика“ (Chinese Arithmetic) - песна на американската рок-група Феит ноу мор (Faith No More) од 1987 година.[13]

Извор

уреди
  • Kline, Morris, Mathematical Thought from Ancient to Modern Times, Oxford University Press, USA; Мека подвеска (1 март 1990). ISBN 0-19-506135-7.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „mathematics, n.. Oxford English Dictionary. Oxford University Press. 2012. Архивирано од изворникот 16 ноември 2019. Посетено на 16 јуни 2012. The science of space, number, quantity, and arrangement, whose methods involve logical reasoning and usually the use of symbolic notation, and which includes geometry, arithmetic, algebra, and analysis.
  2. Нибон, Г.Т. (1963). Mathematical Logic and the Foundations of Mathematics: An Introductory Survey. Dover. стр. 4. ISBN 978-0-486-41712-7. Mathematics ... is simply the study of abstract structures, or formal patterns of connectedness.
  3. Латор, Доналд Р.; Кенли, Џон В.; Бигерс, Шери С.; Карпентер, Лаурел Р.; Рид, Ирис Б.; Харис, Синтија Р. (2011). Calculus Concepts: An Informal Approach to the Mathematics of Change. Cengage Learning. стр. 2. ISBN 978-1-4390-4957-0. Calculus is the study of change—how things change, and how quickly they change.
  4. Рамана (2007). Applied Mathematics. Tata McGraw–Hill Education. стр. 2.10. ISBN 978-0-07-066753-2. The mathematical study of change, motion, growth or decay is calculus.
  5. Зајглер, Гунтер М. (2011). „What Is Mathematics?“. An Invitation to Mathematics: From Competitions to Research. Springer. стр. vii. ISBN 978-3-642-19532-7.
  6. Liddell & Scott (1940). μάθημα. A Greek–English Lexicon. Oxford: Clarendon Press. Посетено на 21 јануари 2021.
  7. „математика“. Дигитален речник на македонскиот јазик. Посетено на 22 јануари 2021.
  8. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 56.
  9. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 106.
  10. Danil Harms, Sto slučajeva. Beograd: Laguna, 2016, стр. 30-33.
  11. Discogs, Minutemen ‎– Double Nickels On The Dime (пристапено на 22.1.2021)
  12. The Sundays – Reading, Writing And Arithmetic (пристапено на 26.3.2024)
  13. DISCOGS, Faith No More ‎– Introduce Yourself (пристапено на 19.8.2020)

Надворешни врски

уреди