Питагорина тројка

Питагорина тројка – подредена тројка природни броеви a, b, и c за кои важи равенката a2 + b2 = c2. Броевите за кои важи дадениот однос обично се запишува во облик (abc). Еден од најстарите познати примери е тројката (3, 4, 5), која може да се најде во оставината на древните Вавилонци и Египќани.[1]

Графички приказ на подредени парови (ab) кои претставуваат катети на правоаголен триаголник.

Доколку (abc) е Питагорина тројка, тогаш тоа е и секоја тројка во облик (ka, kb, kc) каде k е произволен природен број. Основна Питагорина тројка е тројка во која броевите a, b и c се заемно прости.

Наводи

уреди
  1. Maor, Eli (2007). The Pythagorean Theorem - A 4000 Year History. Princeton, New Jersey: Princeton University Press. ISBN 978-0-691-12526-8.

Литература

уреди
  • Maor, Eli (2007). The Pythagorean Theorem - A 4000 Year History. Princeton, New Jersey: Princeton University Press. ISBN 978-0-691-12526-8.CS1-одржување: ref=harv (link)

Надворешни врски

уреди