Филдсов медал
Филдсов медал (анг. Fields Medal) — награда што се доделува на двајца, тројца или четворица математичари не постари од 40 години на Меѓународниот конгрес на Меѓународниот математички сојуз (IMU) на секои четири години. Наградата го носи името на канадскиот математичар Џон Чарлс Филдс кој го дал својот имот за финансирање на наградата[1]. Филдсовиот медал се смета за највисоката награда што може да ја добие еден математичар.[2][3] Паричната награда изнесува 15.000 канадски долари.[4][5] Првиот медал е доделен во 1936 г. на финскиот математичар Ларс Алфорс и американскиот математичар Џеси Даглас, а од 1950 почнала да се доделува на секои четири години. Целта на наградата е да се оддаде признание и пружи поддршка помладите математички истражувачи кои имаат важни придонеси во математиката.
Филдсов медал | |
---|---|
Мрежно место | https://mathunion.org/imu-awards/fields-medal |
Услови
уредиФилдсовиот медал се смета за „Нобелова награда за математика" заради нејзиниот престиж,[6] иако во секој друг поглед ова важи за поновата Абелова награда. За разлика од Нобеловата награда, Филсовиот медал се доделува на секои четири години наместо секоја година. Медалот има и старосна граница: кандидатите не смеат да имаат 40 години на 1 јануари од годината на доделување на медалот. Поради ова, многу големи математичари ја немаат добиено наградата, бидејќи најважните трудови ги правеле (или биле признаени предоцна во текот на животот. Оваа старосна граница се должи на Филдсовата желба
... иако е признание за нешто веќе сработено, наменета е да ги поттикне добитниците на понатамошни успеси и да им даде уште повеќе елан на останатите.
Паричната награда е многу пониска од онаа на Нобеловата награда (околу 1,5 милиони американски долари). Филдсовиот медал обично се доделува за една целина од трудови, а не за конкретен резултат. Добитниот се заблагодарува со говор пред публиката.
Друга поважна математичка награда е Абеловата награда, која се доделува за животно дело, а паричната награда е многу поголема. Филдсовиот медал пак, е престижен бидејќи изборот на добитници го прави Меѓународниот математички сојуз, која ја претставува светската математичка заедницаy.
Лауреати
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Fields Institute - the Fields Medal“.
- ↑ „Наградени со Филдсов медал за 2006 г.“ (PDF). Известувања на американското математичко друштво. Американско математичко друштво. 53 (9): 1037–1044. 2006. (англиски)
- ↑ „Самотен руски математичар ја одби највисоката математичка почест“. CBC. 22 август 2006. Посетено на 26 август 2006. (англиски)
- ↑ „Математички гениј ја одби највисоката награда“. BBC. 22 август 2006. Надворешна врска во
|title=
(help);|access-date=
бара|url=
(help) (англиски) - ↑ Израелец доби „Нобелова“ награда за математика, JPost.com (англиски)
- ↑ Кенет Чанг (12 март 2007). „Патешествија во далечните „полиња" на простите броеви“. The New York Times. (англиски)
- ↑ „Список на добитници на Филдсовиот медал“. Меѓународен математички сојуз (IMU). 8 мај 2008. Посетено на 25 март 2009. (англиски)
- ↑ „Шинг-Тунг Јау“. (англиски)
- ↑ „Израелец ја освои најпрестижната математичка награда во светот“. ynet. 19 август 2010. Посетено на 19 август 2010. (англиски)
- ↑ „Нго Бао Чау“. (англиски)
- ↑ „Меѓународен конгрес на математичарите“ (PDF). Математичко друштво на Франција. Посетено на 7 јули 2010. (француски)
- ↑ „Нго Бао Чау ја доби математичката награда Филдсов медал“. BBC. 19 август 2010. Посетено на 19 август 2010.
- ↑ Кипра, Бари (19 август 2010). „Доделени Филдсови медали и други врвни математички награди“. Science NOW. Посетено на 19 август 2010. (англиски)
Литература
уреди- Monastyrsky, Michael (1998). Modern Mathematics in the Light of the Fields Medal. Wellesley, MA: A. K. Peters. ISBN 1568810830.
- Tropp, Henry S. (1976). „The Origins and History of the Fields Medal“. Historia Mathematica. 3 (2): 167–181. doi:10.1016/0315-0860(76)90033-1..
Надворешни врски
уреди- Филдсов медал на Ризницата ?
- Официјална страница (англиски)