Теорија на множествата

Теорија на множествата е математичка теорија за множества, која претставува збир апстрактни објекти. Тука спаѓаат секојдневните коцепти, воведени во основно училиште, за збирот објекти, елементите на, и припадноста во, вакви збирови. Во современите математички формализми, теоријата на множествата дава јазик за опишување на математичките објекти. Заедно со логиката и предикатната анализа) една од аксиоматските основи на математиката, давајќи можност за формална конструкција на математички објекти од недефинирани термини „множество“ и „припадност во множество“. Ова само по себе е гранка на математиката и е активно поле на математички истражувања.

Венов дијаграм што го илустрира пресекот на две множества

Множествата, според наивната теорија на множествата, се воведуваат и изучуваат преку земање на очигледни концепти и множества како збирови објекти сметани за една целина.

Кај аксиоматската теорија на множествата, концептите за множества и припадност се дефинираат индиректно, најпрво со постулација на аксиоми кои ги назначуваат нивните одлики. Во оваа концепција, множествата и припадноста се фундаментални концепти како точки и линија во Евклидовата геометрија, а самите не се директно дефинирани.

Поврзано

уреди

Во последните две децении, транфсормационата теорија во музиката има земено концепти од теоријата на множествата поригорозно (видете Левин 1987).