Историја на математиката
Еволуцијата на математиката може да се гледа како серија на сè поголема апстракција, или можеби ширење на темите. Првата апстракција веројатно била апстракцијата на броевите. Констатацијата дека две јаболка и две круши имаат нешто заедничко, имено дека ги пополнуваат рацете на точно еден човек, било епохално откритие за човештвото. Притоа праисториските народи не само што научиле да бројат „конкретни предмети, туку и „апстрактни квантитети, како време - денови, годишни времиња и години. Аритметиката (како на пр. собирање, одземање, множење и делење) дошле како природен редослед. Монолитските споменици сведочат за постоењето и на геометријата.
За секој понатамошен чекор било потребно писмо или некој друг принцип на запомнување на броеви како црти или јаженца со јазли наречени кипу кои се користеле во царството на Инките за зачувување на бројчени податоци.
Уште од почетокот на запишаната историја, главните потреби за математиката биле оданочувањето и трговијата, соодносот меѓу броевите, мерење на земја и претскажување на астрономски настани. Овие потреби се општо поврзани со категориите во математиката: „квантитет, „структура, „простор и „промена.
Оттогаш математиката е многу проширена со многу плодородно заемно дејство меѓу неа и другите науки.