Партија на обединети пензионери и граѓани на Македонија
Партија на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ) — политичка партија во Република Македонија. Партијата е во коалиција со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Водач на партијата е Илија Николовски. На парламентарните избори во 2020 година, партијата учествувала во коалиција предводена од СДСМ и освоји 1 пратеничко место.
Партија на обединети пензионери и граѓани на Македонија | |
---|---|
Водач | Илија Николовски |
Штаб | Скопје, Република Македонија |
Идеологија | заштита на правата и потребите на пензионерите во Македонија |
Собрание | 1 / 120 |
Општини | 0 / 80 |
Мрежно место | |
www.obedinetipenzioneri.mk | |
Политика на Република Македонија Политички партии Избори |
Цели на партијата
уредиПартијата се залага за заштита на правата и потребите на пензионерите во Република Македонија. Цел на дејствување на партијата се егзистенцијалните интереси и потреби на пензионерите, висината и редовноста на нивните пензии, усогласување со примањата на вработените, квалитетот на пензиското осигурување, системот на здравствено осигурување, социјалната заштита, пензионерските домови за сместување, клубовите за дружење и разонода и други прашања.[1]
Наводи
уреди- ↑ „За Нас | Партија на Обединети пензионери и граѓани на Македонија“. Архивирано од изворникот на 2016-10-28. Посетено на 2017-06-20.
Надворешни врски
уреди- Партија на обединети пензионери и граѓани на Македонија Архивирано на 29 мај 2017 г.