Македонска обновителна реформска опција - Работничка партија

политичка партија во Македонија

Македонска обновителна реформска опција - Работничка партија (МОРО-РП), основана во 2014 година како Македонска обновителна реформска опција - Централно демократска унија (МОРО-ЦДУ)македонска политичка партија.

Македонска обновителна реформска опција - Работничка партија
ВодачГоран Зафировски[1]
Основана2014
ШтабСкопје
Идеологијацентар
Боицрвена и жолта
Политика на Република Македонија
Политички партии
Избори

Учество на избори

уреди

Партијата учествувала на два парламентарни изборни циклуси и тоа во 2014 и 2016 година. Двете учества на избори, МОРО-РП ги остварило преку учество во коалиции.

На парламентарните избори во 2014 година, МОРО-РП се приклучила на коалицијата „Достоинство за Македонија“ заедно со партијата Достоинство. Коалицијата освоила 9.265 гласови или 0,8% од вкупниот број на гласови. На парламентарните избори во 2016 година партијата била дел од коалицијата „Коалиција за промени и правда - Трет блок“ заедно со Демократски сојуз, ДЕМОС и ФРОДЕМ. Коалицијата на овие избори освоила 10.028 гласови или 0,8% од вкупниот број на гласови. Партијата не освоила пратенички места на овие избори.

На парламентарните избори во 2020 година, партијата за прв пат учествувала самостојно и освоила околу 3.245 гласови или 0.36% од гласовите. Партијата не освоила пратенички мандат.

Наводи

уреди