Трајно македонско радикално обединување
Трајно македонско радикално обединување (ТМРО) — македонска политичка партија со десна ориентација, чие име е блиско со името на историската македонска револуционерна организација ТМРО. Претседател на партијата е Ванчо Шехтански.
Трајно македонско радикално обединување | |
---|---|
Водач | Ванчо Шехтански |
Основана | септември 2002[1] |
Штаб | Скопје, Република Македонија |
Идеологија | десница конзервативизам ултранационализам |
Меѓународна припадност | нема |
Европска припадност | нема |
Бои | црвена, жолта, сина |
Политика на Република Македонија Политички партии Избори |
Политичка активност
уредиПартијата за првпат учествувала на избори самостојно во 2006, кога освоила околу 1.600 гласови[2] исто како и на парламентарните избори во 2008 кога освоила двесте гласови повеќе (околу 1.800)[3]. На парламентарните избори во 2011 година партијата влегува во коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ и учествува во истата на наредните четири парламентарни избори (2014, 2016, 2020 и 2024).
Наводи
уреди- ↑ Меѓу многуте ВМРО-партии се појави и ТМРО, Утрински весник, 05.09.2002
- ↑ Извештај од спроведени парламентарни избори во 2006 година[мртва врска], Државна изборна комисија на Македонија, 25.07.2006
- ↑ Извештај од спроведени парламентарни избори во 2008 година[мртва врска], Државна изборна комисија на Македонија, 03.07.2008