Летна универзијада - 2009

(Пренасочено од Летна Универзијада - 2009)
XXV Летна универзијада
Град домаќин Белград, Србија
Број на држави 145
Број на спортисти околу 6.300
Број на спортови 15
Број на натпревари 461
Отворање {{{Отворање}}}
Затворање 12 јули
Стадион Белградска арена

XXV Летна универзијадауниверзијада одржана од 1 до 12 јули 2009 во Белград, Србија. Церемонијата на свеченото отворање се одржа во Белградска арена, а настанот официјално беше отворен од страна на премиерот на Србија, Мирко Цветковиќ.

На Универзијадата учествуваа околу 9.000 учесници од 145 земји, од кои околу 6.300 спортисти, кои настапија во 15 спортови во 461 дисциплина.

Избор на град-домаќин

уреди
Кандидати
Град Земја
Белград   Србија
Монтереј   Мексико
Познањ   Полска

Процесот за избор на град-домаќин за Летната Универзијада во 2009 започна во 2004. Белград, заедно со уште Монтереј во Мексико и Познањ во Полска беа кандидати за град-домаќин на настанот. Предност на Белград му даваа настаните, кои во градот беа организирани во тековните неклку години, како европското првенство во кошарка во 2005, европското првенство во ватерполо во 2006 и европскиот малдински олимписки фестивал во 2007. Пред оваа успешна кандидатура, градот беше и кандидат за град-домаќин на Летните олимписки игри во 1992, кога беше елиминиран во третото коло од изборот и кандидатурата за нардените Летни олимписки игри во 1996, кога отпадна уште во првото коло од изборот.[1][2]

Маскота

уреди
 
Промотивен плакат со логот на Летната Универзијада 2009 во Белград

Маскота на Летната Универзијада во 2009 е врабец, бидејќи оваа птица е симбол на Белград. На конкурсот за име на врабецот, победи предлогот „Срба“, пред предлозите „Цврле“ и „Џивџан“.[3]

Собиралишта

уреди

Летна Универзијада во 2009 се одржа на 59 собиралишта во Белград, Земун, Панчево, Обреновац, Нови Сад, Смедерево и Вршац. Церемониите на отворање и затворање се одржаа во Белградска арена. Планот беше овие церемонии да се одржат на стадионот Црвена ѕвезда, но ова идеја не се оствари поради големите трошоци.

Во Обреновац се одржаа натпреварите во ватерполо и одбојка, а во Панчево и Вршац во кошарка. Нови Сад и Инѓија, исто така беа домаќини на натпреварите во одбојка.[4]

Универзитетско село

уреди

Универзитетското село, во кое беа сместени спортистите се наоѓа во Нов Белград, на 15 км од аеродромот Никола Тесла и 6 км од центарот на градот и е изградена специјално за овој настан. „Селото“ го сочинуваат 14 објекти со 1.858 модерни станови, деловни и административни згради на површина од 15 ha. Секоја зграда во станбен простор е наречена по еден цвет. По заврѓшувањето на Универзијадата, становите веќе се во продажба.

Во рамките на подготовките за Универзијада, беше раселено и нехигиенското население, од околината на кое се наоѓа Универзитетското село, само за да им се овозможат подобри услови на спортистите.

Универзитетското село беше официјално отворено на 24 јуни 2009 година.

Спортови

уреди

Календар

уреди

Во продолжение е даден каленадрот со распоредот на натпревари на 25. Летна Универзијада.

 ●  Церемонија на отворање  ●  Квалификациски натпревари  ●  Финални натпревари  ●  Церемонија на затворање
јуни/јули 30 01 02 03 04 05 06 07 08 09 10 11 12 Вкупно
Церемонии
Стреличарство 2 8 10
Атлетика 2 6 10 9 9 10 46
Кошарка 2 2
Скокови во вода 2 1 1 2 1 1 4 12
Мечување 2 2 2 2 2 2 12
Фудбал 2 2
Спортска гимнастика 1 1 2 10 14
Ритмичка гимнастика 2 6 8
Џудо 4 4 4 4 2 18
Пливање 4 5 5 7 4 7 8 40
Пинг-понг 2 1 2 2 7
Теквондо 5 4 4 4 4 21
Тенис 2 5 7
Одбојка 1 1 2
Ватерполо 1 1 2
Вкупно златно медали 8 7 10 21 12 17 19 21 35 42 11 203

Освојувачи на медали

уреди
Место Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1   Русија 27 22 27 76
2   НР Кина 22 21 15 58
3   Република Кореја 21 11 15 47
4   Јапонија 20 21 32 73
5   САД 13 13 13 39
6   Украина 7 11 13 31
7   Кинески Тајпеј 7 5 5 17
8   Италија 6 14 11 31
9   Полска 6 10 8 24
10   Србија (домаќин) 5 5 9 19
11   Австралија 5 2 1 8
11   Ирска 5 2 1 8
13   Франција 4 8 9 21
14   Белорусија 4 2 5 11
15   Шпанија 4 0 6 10
16   Мексико 3 5 5 13
17   Германија 3 3 11 17
18   Обединето Кралство 3 1 3 7
19   Швајцарија 3 1 1 5
20   Холандија 3 0 2 5
20   Португалија 3 0 2 5
22   Канада 2 7 6 15
23   ЈАР 2 2 5 9
23   Турција 2 2 5 9
25   Бразил 2 2 2 6
26   Куба 2 1 2 5
27   Словенија 2 0 2 4
28   Азербејџан 2 0 0 2
28   Хонгконг 2 0 0 2
30   ДНР Кореја 1 3 4 8
31   Унгарија 1 2 5 8
32   Казахстан 1 2 4 7
33   Нов Зеланд 1 2 1 4
33   Романија 1 2 1 4
35   Чешка 1 1 4 6
36   Кенија 1 1 1 3
36   Литванија 1 1 1 3
36   Молдавија 1 1 1 3
36   Сенегал 1 1 1 3
40   Бугарија 1 0 1 2
41 [[File:|22x20px|border |alt=Хондурас|link=Хондурас]] Хондурас 1 0 0 1
41   Латвија 1 0 0 1
41   Шведска 1 0 0 1
44   Египет 0 2 4 6
45   Хрватска 0 2 1 3
45   Монголија 0 2 1 3
45   Виетнам 0 2 1 3
48   Тајланд 0 1 6 7
49   Словачка 0 1 3 4
50   Ерменија 0 1 2 3
50   Белгија 0 1 2 3
52   Израел 0 1 1 2
53   Алжир 0 1 0 1
53   Австрија 0 1 0 1
53   Еквадор 0 1 0 1
56   Данска 0 0 1 1
Вкупно 204 203 262 669

Наводи

уреди
  1. „History of the Olympic Committee of Serbia“. Olympic Committee of Serbia. Архивирано од изворникот на 2009-01-10. Посетено на 2007-05-19.
  2. „Atlanta 1996“. Official Website of the Olympic Movement. Посетено на 2007-05-19.
  3. „Maskota Univerzijade - Srba“. Na Dlanu. Архивирано од изворникот на 2009-04-06. Посетено на 2009-07-26.
  4. Список на објекти за Летната Универзијада во Белград во 2009[мртва врска](српски)

Надворешни врски

уреди