Ларс Бендер
Ларс Бендер (германски: Lars Bender; р. 27 април 1989) — поранешен германски фудбалер, играч од средниот ред.
Ларс Бендер | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Ларс Бендер[1] | ||
Роден на | 27 април 1989 | ||
Роден во | Розенхајм, Западна Германија | ||
Држава | Германија | ||
Висина | м[2] | 1,85||
Играчки податоци | |||
Позиција | среден ред | ||
Повлекување | 1 јули 2021 (32 г.) | ||
Младинска кариера | |||
1993–1999 | ТСВ Бранебург | ||
1999–2002 | Унтерхакинг | ||
2002–2006 | Минхен 1860 | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
2006–2009 | Минхен 1860 | 58 | (4) |
2009–2021 | Бајер Леверкузен | 220 | (19) |
Репрезентација | |||
2005–2006 | Германија 17 | 9 | (1) |
2007–2008 | Германија 19 | 9 | (2) |
2009 | Германија 20 | 1 | (1) |
2010 | Германија 21 | 1 | (0) |
2016 | Германија (олимп.) | 6 | (0) |
2011–2014 | Германија | 19 | (4) |
Тој е брат близнак на Свен Бендер, со кого играле и заедно во Бајер Леверкузен.
Технички карактеристики
уредиВообичаено игра како централен играч од средниот ред, но може да игра и како централен одбранбен играч.
Тој е познат по својот стил на дејствување и е добар во одземањето на топката, антиципацијата на противниците и додавањата.
Клупска кариера
уредиРана кариера
уредиЛарс Бендер играл од 1993 до 1999 година во младинската шлола на клубот ТСВ Браненбург, а потоа од 1999 до 2002 година бил дел од младинските категории на Унтерхакинг. Во летото 2002 година, тој стигнал во младинскиот тим на Минхен 1860.
Минхен 1860
уредиВо август 2006 година, тој го одиграл својот прв натпревар за Минхен 1860 II во Регионалната лига на Германија. Во октомври, тој бил повикан за првпат во првиот тим, но откако останал неискористена замена околу месец дена подцна, на 27 ноември 2006 година, на возраст од само 17 години, го направил своето деби за клубот во првенствениот против Кобленц во Втората Бундеслига. Во својата прва професионална сезона, тој одиграл 13 натпревари, од кои девет како стартер. Во оваа сезона, Бендер го освоил Фриц Валтер трофејот за најдобар млад играч во категоријата под 17 години, пред играчот на Борусија Менхенгладбах, Марко Марин, и неговиот брат близнак, Свен Бендер. Во својата втора сезона, тој бил стандарден првотимец во средниот ред, а веќе во првото коло од новата сезона, го постигнал и својот прв гол. Понатаму, тој останал регуларен стартер и во сезоната 2008-2009, а на 3 октомври 2008 година, за време на натпеварот од Втората Бундеслига против ФСВ Франкфурт, тој ја презел капитенската лента и станал најмладиот капитен во историјата на Минхен 1860. Сепак, на 20 октомври, тој сериозно се повредил и ја завршил сезоната со само 15 одиграни натпревари. Во неговите три сениорски години поминати во дресот на Минхен 1860, тој одиграл 58 натпревари и постигнал четири гола.
Бајер Леверкузен
уредиНа 18 август 2009 година, Бендер потпишал тригодишен договор со Бајер Леверкузен. Својот прв натпревар во Бундеслигата, го одиграл во шесттото коло од сезоната 2009-2010, влегувајќи како замена од клупата за резерви. Тоа бил само првиот од повеќето од 20 натпревари во кој бил искористен како замена за време на неговата прва сезона во клубот. Својот прв гол во Бундеслигата го постигнал против Ајнтрахт Франкфурт на 16 септември. Во следната сезона, неговата позиција на дефанзивен играч за врска добила голема конкуренција и тој често бил втор избор, но сепак забележал 27 натпревари и постигнал три гола. Во сезоната 2011-2012, тој бил стандарден и ги одиграл најголемиот дел од натпреварите во текот на целата сезона, со исклучок на периодот за време на мускулната повреда кој го принудила да пропушти неколку натпревари во пролетта 2012 година. На 21 март 2012 година, Бендер потпишал нов договор со Леверкузен до 2018 година. Во сезоната 2012-2013 во Бундеслигата одиграл 33 натпревари, постигнал 3 гола и додал 6 асистенции. На 31 октомври 2013 година, повторно го продолжил договорот со клубот овојпат во трајност до 2019 година.
Во сезоната 2013-2014, тој одииграл 29 натпревари и постигнал три гола во Бундеслигата, и покрај тоа што бил повреден. Во сезоната 2014-2015, тој се вратил на терен и одиграл 26 натпревари во Бундеслигата, во која постигнал само еден гол во истата и тоа против Падерборн. Во Лигата на шампионите му помогнал на клубот да ја мине фазата по групи освојувајчи го второто место зад Монако, но подоцна загубиле од Атлетико Мадрид во осминафиналето. За сезона 2015-2016 тренерот Роџер Шмит го назначил за нов капитен на местото на Симон Ролфес, кој ја завршил својата кариера. Сепак, оваа сезона била борба за него, откако прерпел тешка повреда во октомври 2015 година и го извадила од акција до март 2016 година, ограничувајќи го само на 10 настапи во Бундеслигата и неколку настапи во Лигата на шампионите.
Бендер го одиграл својот последен професионален натпревар на 22 мај 2021 година, во последното коло од Бундеслигата 2020-2021, во кој Леверкузен играл против Борусија Дортмунд. Тоа бил негов 256-ти натпревар на врвот за Леверкузен.[3] Тој го заменил својот брат Свен, кој исто така го одиграл последниот натпревар, во 89-тата минута додека на Леверкузен им бил досуден пенал. Ларс Бендер го извел пеналот, а во знак на почит, голманот на Дортмунд Роман Бурки му дозволил да постигне гол без да се потруди да го одбрани ударот.[4]
Репрезентативна кариера
уредиТој бил дел од германската репрезентација под 19 години која победила на Европското првенство 2008. Тој и неговиот брат близнак Свен биле избрани заедно како играчи на турнирот.
Подоцна, Бендер бил избран во составот од 23 играчи на Германија за Европското првенство 2012.
На 29 мај 2013 година, Бендер постигнал два гола во победата од 4-2 над Еквадор.[5]
Тој бил избран и во привремениот тим на Германија за Светското првенство 2014, но се повлекол на 23 мај, поради повреда на бутниот мускул за време на тренинг. Селекторот Јоаким Лев рекол: "Лично ми е жал за Ларс бидејќи знам колку сакаше да биде во Бразил, кога играчот е исклучен толку блиску пред турнирот, тогаш тоа е многу разочарувачко за секого".
Ларс бил дел од германската олимписка репрезентација во Рио две години подоцна, заедно со неговиот близнак и Нилс Петерсен, кои биле тројцата играчи над пропишаната возраст од 23 години,[6] освојувајќи го сребрениот медал.[7]
Хронологија на репрезентативни настапи
уредиНаводи
уреди- ↑ „L. Bender“. Soccerway. Посетено на 7 December 2013.
- ↑ http://www.bayer04.de/b04-deu/de/1650.aspx?guid=1650-4418DBF4-D93C-4479-999C-F8590C6A82E7
- ↑ Arnhold, Matthias (17 June 2021). „Lars Bender – Matches and Goals in Bundesliga“. Rec.Sport.Soccer Statistics Foundation. Посетено на 17 June 2021.
- ↑ Jabbar, Nasir (23 May 2021). „Borussia Dortmund Goalkeeper Roman Burki Let Lars Bender Score Penalty in His Final Game“. SPORTbible. Архивирано од изворникот на 2024-05-30. Посетено на 25 May 2021.
- ↑ „Ecuador 2–4 Germany“. ESPN. 29 May 2013. Посетено на 13 May 2014.
- ↑ „Lars und Sven Bender Der Traum von Olympia wird wahr!“. bunte.de. 15 July 2016. Посетено на 13 August 2016.
- ↑ „Neymar's golden penalty sees Brazil to victory“. FIFA. 20 August 2016. Архивирано од изворникот на 21 August 2016.
Надворешни врски
уреди„Ларс Бендер“ на Ризницата ? |