Јован Малала
Јован Малала (грчки: Ἰωάννης Μαλάλας; ~491 - 578) — византиски летописец од Антиохија (денешна Антакија, Турција).
Живот
уредиМалала родум бил Сириец,[1] чиј мајчин јазик бил сирискиот, а грчкиот го научил подоцна.[2] Името Малала веројатно доаѓа од арамскиот збор (ܡܰܠܳܠܰܐ малоло - „говорник“), прекар кој прв му го дал Јован Дамаскин. Другиот облик Малела е од подоцножено време, и се појавил за време на царот Константин VII Порфирогенит.[3]
Се образовал во Антиохија, и веројатно по занимање бил правник. Се преселил во Цариград за време на Јустинијан I (можеби по персискиот напад на Антиохија во 540 г.[4]); сè што знаеме од неговото сопствено перо е дека ги посетил Солун и Пенеада.[5]
Дело
уредиМалала го напишал неговото дело „Хронографија“ (Χρονογραφία) во 18 книги, чиј почеток и крај е изгубен. Во сегашната состојба делото почнува со митската историја на Египет и завршува со експедицијата во Африка предводена од трибунот Маркијан, внук-сестринец на Јустинијан во 563 г.; Се задржува главно на Антиохија и (во понатамошните книги) на Цариград. Освен историјата на Јустинијан и неговите непосредни претходници, делото нема некаква историска вредност; авторот „се ослонува на Евсевиј Кесариски на други составувачи, уверено нанижани митови, библиски приказни и вистинска историја.“[6] Осумнаесеттата книга, посветена на владеењето на Јустинијан е обоена од државна пропаганда. Писателот бил поддржувач на црквата и државата, и застапник на начелата на монархијата.
Се служел со неколку изори како Евстатиј Епифаниски и други непознати автори.
Делото има важност како најраниот опстанат пример за летопис напишан за монаси и обичниот народ наместо за учените луѓе. Начинот на изразување прави компромис помеѓу книжевниот стандард и говорниот јазик од тоа време, иако сепак е книжевен. Особено се забележува употребата на технички поими и бирократски фрази, сè уште користејќи латински заемки заедно со нивните грчки истоветници, живеејќи во периодот на промена во службениот јазик. Малала оддава впечаток на едноставност, вклучувајќи го народниот јазик меѓу високопарното изразување."[7]
Сè до IX век уживал голема популарност како извор за разни писатели. Некаде во X век делото е преведено на старословенски, а делови се искористени во старорускиот летопис „Повест за минатите лета“.[8] Зачувано е во скратен облик во еден ракопис во Оксфорд, како и разни одломки. Постои и средновековен превод на грузиски.[9]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „John Malalas | Byzantine chronicler“. Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 2021-01-25.
- ↑ Lapidge, Michael (1996). Anglo-Latin Literature, Vol.1, 600-899 (англиски). Bloomsbury Publishing. стр. 98. ISBN 978-1-4411-0105-1.
- ↑ Thurn, Ioannis Malalae Chronographia, стр. 1.
- ↑ Geoffrey Horrocks, Greek: A History of the Language and its Speakers (Longman Linguistics Library, 1997: ISBN 0-582-30709-0), стр. 180.
- ↑ Thurn, Ioannis Malalae Chronographia, стр. 1.
- ↑ Warren Treadgold, A History of Byzantine State and Society (Stanford University Press, 1997: ISBN 0-8047-2421-0), стр. 267.
- ↑ Horrocks, Greek, стр. 179-81, q.v. поединости за неговата лексика и синтакса, погл. стр. 181-82 for a passage of Malalas with interlinear translation and transcription showing how Horrocks believes it would have sounded in the spoken Greek of the day.
- ↑ Олег Творогов, Хроника Иоанна Малалы Архивирано на 17 мај 2009 г..
- ↑ Baldwin, Barry (1991). „Malalas, John“. Во Kazhdan, Alexander (уред.). The Oxford Dictionary of Byzantium. Oxford and New York: Oxford University Press. стр. 1275. ISBN 0-19-504652-8.
Надворешни врски
уреди- Англиски превод на Хронографијата на Малала
- Пребарлив превод на Хронографијата на Малала (англиски)
- Критика на историскиот приод на Јован Малала, Контраисторија (македонски)