Игор Пенов
Игор Пенов (роден на 5 октомври 1984 во Скопје) — македонски поранешен кошаркар и член на македонската машка репрезентација.
Игор Пенов | |
---|---|
Игор Пенов во дресот на КК Куманово | |
Позиција | Крило |
Висина | 2,02 м |
Тежина | 93 кг |
Број | 15 |
Роден | 5 октомври 1984 Скопје, СР Македонија, СФРЈ |
Националност | Македонец |
Клубови | |
2004–2006 | МЗТ Аеродром |
2006–2008 | АМАК СП |
2008–2010 | Вардар Осигурување |
2010–2012 | МЗТ Аеродром |
2012-2014 | Кожув |
2014–2017 | Карпош Соколи |
2017–2018 | МЗТ Аеродром |
2018–2019 | Куманово |
2019 | АВ Охрид |
2019-2020 | Пелистер |
Репрезентација | |
Инфо од: 31.12.2020. |
Клупска кариера
уредиВо сезоната 2006/07, Пенов настапувал во новиот охридски прволигаш АМАК СП.[1]
Игор Пенов станал играч на второлигашот Вардар Осигурување во сезоната 2008/09.[2] Тогаш Игор и неговиот клуб го освоиле второто место и обезбедиле пласман во Првата лига. Пенов останал во Вардар Осигурување, сега како прволигаш, и таа сезона, 2009/10, станал вицепрвак во Првенството.[3] После распадот на Вардар Осигурување, Игор Пенов заминал во МЗТ Аеродром. Таа сезона, изгубил во финалето на Купот 2011.[4] Следната сезона, Пенов со МЗТ ја освоил двојната круна, односно Купот 2012 и Првенството 2011/12.[5] Во сезоната 2012/13, Игор заиграл за Кожув и тогаш станал вицепрвак во Лигата.[6][7] Во Кожув, Пенов продолжил да настапува и во сезоната 2013/14.[8] За сезоната 2014/15, Пенов ја сменил средината и се преселил во Карпош Соколи.[9] Во сезоната 2015/16, Игор станал вицепрвак во Купот 2016 со Карпош Соколи.[10] За сезоната 2016/17, Пенов ја продолжил соработката со Соколи.[11] Тогаш Пенов станал првак во Купот 2017 и подоцна станал вицепрвак во Првенството. За сезоната 2017/18, Пенов потпишал за МЗТ Аеродром.[12][13] Со МЗТ, Пенов го освоил Купот 2018, а подоцна станал вицепрвак во Првенството. Следната сезона, Игор станал играч на Куманово.[14][15][16] Во јули 2019 година, за сезоната 2019/20, Пенов потпишал за АВ Охрид.[17] Но пред самиот почеток на сезоната, откако АВ Охрид најавил распаѓање на клубот, Пенов се преселил во Пелистер.[18][19]
Успеси
уредиМЗТ Аеродром
уреди- Прва македонска лига (1) : 2011/12
- Куп на Македонија (2) : 2012, 2018
Карпош Соколи
уреди- Куп на Македонија (1) : 2017
Наводи
уреди- ↑ „KK AMMAK SP 2006-2007“. eurobasket.com. Посетено на 5 август 2018.
- ↑ „KK Vardar Osiguruvanje 2008-2009“. eurobasket.com. Посетено на 5 август 2018.
- ↑ „Фени Индустри - Вардар Осигурување 4-3“ (PDF). Македонска Кошаркарска Федерација. 19 мај 2010. Посетено на 5 август 2018.[мртва врска]
- ↑ „KK MZT Aerodrom 2010-2011“. eurobasket.com. Посетено на 5 август 2018.
- ↑ „KK MZT Aerodrom 2011-2012“. eurobasket.com. Посетено на 5 август 2018.
- ↑ „KK Kozuv 2012-2013“. eurobasket.com. Посетено на 5 август 2018.
- ↑ „Србиновски ќе го преземе Кожув“. sportskoradio903.com.mk. 19 септември 2012. Архивирано од изворникот на 2020-11-27. Посетено на 4 август 2018.
- ↑ „KK Kozuv 2013-2014“. eurobasket.com. Посетено на 5 август 2018.
- ↑ „KK Karpos Sokoli 2000 2014-2015“. eurobasket.com. Посетено на 5 август 2018.
- ↑ „KK Karpos Sokoli 2000 2015-2016“. eurobasket.com. Посетено на 5 август 2018.
- ↑ „KK Karpos Sokoli 2000 2016-2017“. eurobasket.com. Посетено на 5 август 2018.
- ↑ „МЗТ потпиша договор со Игор Пенов“. ekipa.mk. 26 септември 2017. Посетено на 5 август 2018.
- ↑ „МЗТ го договори Игор Пенов“. vecer.mk. 26 септември 2017. Посетено на 5 август 2018.[мртва врска]
- ↑ „Куманово се екипира: Мекиќ, Пенов, Ѓекиќ…“. ekipa.mk. 10 август 2018. Посетено на 11 август 2018.
- ↑ „Мекиќ со нов договор, Пенов го засили Куманово“. sportmedia.mk. 10 август 2018. Посетено на 11 август 2018.
- ↑ „Куманово потпиша со Пенов, а ги продолжи договорите со Мекиќ, Тодоровиќ, Ковач и Ѓекиќ“. gol.mk. 10 август 2018. Посетено на 11 август 2018.
- ↑ „Со Охрид нема шега – се создава тим за плеј-оф“. ekipa.mk. 4 јули 2019. Посетено на 5 јули 2019.
- ↑ „Пенов од Охрид одлета за Пелистер“. ekipa.mk преку web.archive.org. 7 октомври 2019. Посетено на 7 октомври 2019.
- ↑ „Младеновиќ по само 12 часа си замина од Гостивар, од клубот се револтирани“. gol.mk преку web.archive.org. 7 октомври 2019. Посетено на 7 октомври 2019.