Книга од песок
„Книга од песок“ (шпански: El libro de arena) — збирка раскази на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес. Збирката е објавена во 1975 година, а расказите се напишани во периодот од 1970 до 1975 година.[1]
Содржина
уредиКнигата се состои од 13 раскази и епилог, напишан на 3 февруари 1975 година, во Буенос Аирес:[2] [3]
- Другиот
- Улрика
- Конгресот
- There are more things
- Сектата на триесеттемина
- Ноќта на дарбите
- Огледалото и маската
- УНДР
- Утопијата на еден уморен човек
- Мито
- Авелино Аредондо
- Дискот
- Книгата од песок
Во епилогот, авторот дава кратко објаснување на расказите: првиот расказ ја обработува познатата тема на двојната личност; љубовната тема во „Улрика“ е реткост во неговите прозни текстови; „Конгрес“ е најамбициозниот расказ во збирката, со автобиографски елементи и со почеток во стилот на Кафка; „Ноќта на дарбите“ е најопуштениот расказ, со најмногу наслство и егзалтација; „Ундр“ и „Огледалото и маската“ ја замислуваат можноста за литература што се состои од само еден збор; „Утопијата на еден уморен човек“ е најчесното дело во збирката; „Мито“ ја изразува етичката опсесија на северноамериканците; „Дискот“ може да се опише како Евклидов круг, а „Книгата од песок“ ја опишува книгата со безброј страници.[4]
За збирката
уредиВо збирката, Борхес ги продолжува своите творечки искуства, слободно користејќи ги културолошките, историските, литературните и филозофските контексти, а фабуларните настани ги обојува со авторска интелектуална рефлексија. Расказите во збирката ги допираат темите на алтер егото, љубовта, судбината, претпоставениот ерес, вечните дела, светот како книга, книгата како лавиринт итн. Во нив, едноставниот и колоквијален стил е комбиниран со фантастичниот заплет.[5] [6]
Изданија на македонски јазик
уредиВо 2015 година, збирката била објавен на македонски јазик, во издание на „Бегемот“, во рамки на едицијата „Ars magna“, а во тираж од 500 примероци. Преводот од шпански јазик го направил Ненад Велковски; ликовното уредување на книгата е дело на Бојан Димитриевиќ; а јазичната редакција ја направил Филип Димевски. Книгата била преведена со финансиска помош на програмата „Сур“ при Министерството за надворешни работи и култура на Република Аргентина, а била испечатена во „Печатницата Наумовски“ од Скопје. Книгата, со димензии од 18 сантиметри и со обем од 118 страници, е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ од Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4718-30-7.[7]
Наводи
уреди- ↑ Horhe Luis Borhes, Peščana knjiga. Beograd: Paidea, 2009.
- ↑ Хорхе Луис Борхес, Книга од песок. Скопје: Бегемот, 2015.
- ↑ Horhe Luis Borhes, Peščana knjiga. Beograd: Paidea, 2009.
- ↑ Horhe Luis Borhes, Peščana knjiga. Beograd: Paidea, 2009, стр. 113-115.
- ↑ Хорхе Луис Борхес, Книга од песок. Скопје: Бегемот, 2015.
- ↑ Horhe Luis Borhes, Peščana knjiga. Beograd: Paidea, 2009.
- ↑ Хорхе Луис Борхес, Книга од песок. Скопје: Бегемот, 2015.