Иљја Репин

руски сликар
(Пренасочено од Иља Репин)

Иљја Ефимович Репин (руски: Илья́ Ефимович Репин; 5 август 1844 (јулијански календар: 24 јули) — 29 септември 1930) — водечки руски сликар и вајар од уметничката школа Передвижници. Неговите реалистички дела честопати се остра критика на постоечкиот општествен систем.

Автопортрет
Запорошците му пишуваат писмо на турскиот султан (1880-91)

Репин е роден во Чугуев близу Харков (денес во Украина). Татко му бил воен офицер. Во 1866 тој отишол во Санкт Петербург и таму бил примен во Империјалната Уметничка Академија како студент. Репин отседнал во Италија и Париз со пари дадени од Академијата од 1873 до 1876. Тој сликал многу селани, рибарки и сцени од животот на трговците.

Репин се зачленил во Друштвото на Передвижнички уметници во 1878. Од 1882 живеел во Санкт Петербург, но често патувал во странство. Инспириран од Рембрантовите портрети на старци, тој насликал многу познати сонародници како Лав Толстој, Димитриј Менделеев, Константин Победоносцев и Модест Мусоргски. Во 1903 Репин примил нарачка за слика од руската влада, за да ја наслика церемонијалната седница на Врховниот Таен Совет на Руската Империја кое е неговото најграндиозно дело, платно со димензии 400 x 877 см.

По Октомвриската револуција од 1917 год., неговиот дом северно од Санкт Петербург, бил приклучен кон Финска. Репин бил поканет од Ленин да се врати во Русија, но тој бил премногу стар за да патува. Умрел во Куокала, Финска (денешно Репино, Ленинградска област) во 1930. Неговиот имот се смета за светско културно богатство и е заштитен од УНЕСКО.

Најпознатите слики на Репин се Иван Грозни го убива својот син (1885), Бурлаци на Волга (1870-73) и Одговорот на запорожските козаци на турскиот султан Мехмед IV (1880-91).

Ориенталната рапсодија, Оп. 29 од Александар Глазунов (1889) е посветена на Иљја Репин.

Слики

уреди

Надворешни врски

уреди