Рувензори
Рувензори (Ruwenzori) или Рвензори (Rwenzori, „месечева планина“) — планински венец во источниот дел на екваторска Африка, на границата меѓу Уганда и ДР Конго. Ледниците на венецот се меѓу изворите реката Нил. Венецот достигнува височина од 5.109 м со траен снег на врвовите. На подрачјето се протегаат националните паркови Рувензори и Вирунга.
Рувензори | |
---|---|
Највисока точка | |
Врв | Стенли |
Надм. височина | 5.109 м |
Величина | |
Должина | 120 км |
Географија | |
Земји | Уганда, ДР Конго |
Координати | 00°23′09″N 29°52′18″E / 0.38583° СГШ; 29.87167° ИГД |
Геологија
уредиПланините настанале пред три милиони години во доцниот плиоцен, како издигнат блок од кристални карпи од гнајс, амфиболит, гранит и кварцит.[1]
Издигот го поделил праезерото Обверука, образувајќи три од денешните големи езера: Алберт, Едвард[1] и Џорџ.[2]
Венецот е долг околу 120, а широк 65 км. Се состои од шест масиви одвоени со длабоки клисури: Стенли (5.109 м), Спик (4.890 м), Бејкер (4.843 м), Емин (4.798 м), Геси (4.715 м) и Лујџи Савојски (4.627 м).[3] Стенли има неколку врва, од кои највисок е Маргарита.
Прво освојување
уредиПрвата обиколка на сите шест масици на Рувензори е направена во 1975 г. од полските искачувачи Јануш Халецки, Станислав Холева Лешек Чарнецки, како Мирослав Кураш во втората половина од зафатот.[4]
Природознание
уредиРастителност
уредиРувензори има разновидна растителност, од тропска дождовна шума до планински ливади и снегови. На венецот виреат домородни видови и разновидности како џиновскиот крстенец (Dendrosenecio) и џиновската лобелија (Lobelia deckenii), па дури и 6-метарскиот врес прекриен со мов, присутен на некои врвови. Најголемиот дел од ова растително подрачје денес е прогласено за светско наследство на УНЕСКО и е опфатено во националните паркови Рувензори во југозападна Уганда и Вирунга во источниот дел на ДР Конго.[3]
Планините немаат кусок на вода, но сепак виреат видови слични на оние присутни во пустинските краишта, но ова се должи на слабата проодност на водата низ растителните садови поради замрзнувањето во ноќните часови и изолацијата која им е потребна при промената на условите дење.
Рувензори има пет растителни појаса со преклопи: зимзелена шума (до 2.800 м); бамбусов појас (2.800 до 3.300 м); вресов појас (3.000 до 3.800 м); аплски појас (3.500 до 4.500 м) и снежен појас (4.400 до 5.000 м). На поголеми височини, некои растенија достигнуваат необична големина. The vegetation in the Рувензори is unique to equatorial alpine Africa.[5]
Ледничко повлекување
уредиЕден од проблемите на Рувензори е последицата на климатски промени врз ледниците. Во 1906 г. по име се забележани 43 ледници распоредени на шест планини, зафаќајќи вкупна површина од 7,5 км2 или половина од ледничката зафатнина на цела Африка. Во 2005 г. тие се свеле на 1,5 км2, и тоа на само три планини. Овие значајни промени предизвикуваат неповилни последици по растителноста и биоразновидноста на венецот.[6][7]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Climate Change and the Aquatic Ecosystems of the Rwenzori Mountains“. Makerere University and University College London. 15 September 2007. Архивирано од изворникот на 2014-02-23. Посетено на 2 February 2014.
- ↑ Wayland, E. J. (July–December 1934). „Rifts, Rivers, Rains and Early Man in Uganda“. Journal of the Royal Anthropological Institute. Royal Anthropological Institute of Great Britain and Ireland. 64: 333–352. doi:10.2307/2843813. JSTOR 2843813.
- ↑ 3,0 3,1 „Rwenzori Mountains National Park“. Rwenzori Abruzzi. 27 May 2006. Архивирано од изворникот на 2008-03-05. Посетено на 6 May 2008.
- ↑ Wielka Grań Ruwenzori 1975, Wojtera T., Taternik iss 3. 1976.
- ↑ Linder, H. Peter; Gehrke, Berit (2 March 2006). „Common plants of the Rwenzori, particularly the upper zones“ (PDF). Institute for Systematic Botany, University of Zurich. Архивирано од изворникот (PDF) на 30 May 2008. Посетено на 6 June 2017.
- ↑ Tom Knudson, [In the Mountains of the Moon, A Trek to Africa’s Last Glaciers], Yale Environment 360 Report, 4 Feb 2010
- ↑ [Rwenzori Glaciers (East Africa)], Tropical Glaciology Group, Innsbruck University
Извори
уреди- Glaciers of the Middle East and Africa, Williams, Richard S., Jr. (editor) In: U. S. Geological Survey Professional Paper, 1991, pp.G1-G70
- Guide to the Ruwenzori, Osmaston,H.A., Pasteur,D. 1972, Mountain Club of Uganda. 200 p.
- Recession of Equatorial Glaciers. A Photo DocumentationАрхивирано на 14 февруари 2012 г., Hastenrath, S., 2008, Sundog Publishing, Madison, WI, ISBN 978-0-9729033-3-2, 144 pp.
- Tropical Glaciers, Kaser, G., Osmaston, H.A. 2002, Cambridge University Press, UK. 207 p.
- Ruwenzori, de Filippi, F. 1909. Constable, London. 408 p.
- Greenpeace article "The Death of the Ice Gigantaurs"
- BBC Article "Fabled ice field set to vanish"
- Dr Taylor's Homepage, with information about the impact of climate change on Rwenzori. Архивирано на 27 ноември 2020 г.
- Kaser et al. 2006, in International Book of Climatology 24: 329–339 (2004)
Надворешни врски
уреди„Рувензори“ на Ризницата ? |
- Рувензори[мртва врска] на Peakware (англиски)
- Светски фонд за природа (2001). „Рувензори“. Профил на екорегионот во WildWorld. Национално географско друштво. Архивирано од изворникот на 2010-03-08. (англиски)