Историја на Демократската Република Конго
Територијата на денешната Демократска Република Конго била населена уште од најрани времиња. Во текот на 5 век, на овие простори живееле племето банту. Во 14 век, овде опстојувало Кралство Конго чии територии се простирале недалеку од денешната република, како едно од најголемите краства во тоа време на овие простори. Во 1482 година на бреговите на земјата престигнале првите португалски морепловци и трговци. Тие, благодарение на трговијата со робови успеале да ја намалат улогата на кралството. Односите помеѓу португалците и домородците биле на почетокот пријателски. Кралството Конго го прифатила христијанството како официјална религија. Кралство Конго својата моќ ја изгубил во текот на 17 век, кога избувнала граѓанска војна. Ова најмногу го искористиле европските најголеми сили, Велика Британија и Холандија. Англичанецот Хенри Мортон Стенли бил првиот европски граѓанин кој ја истражувал територијата на денешен Конго. Неговата намера била нормално, Конго да стане дел од Британската Империја, но сепак на почетокот британската влада не покажала голем интерес за ова подрачје.
Дел од темата Демократска Република Конго |
Рана историја |
ДРК |
Во текот на 19 век, по експедицијата на Дејвид Ливингстон, започнало колонизирањето на Централна Африка од страна на европските големи сили. Белгискиот крал бил фасциниран од колонијалното освојување на земјата, за разлика од белгиската јавност. Белгискиот крал Леополд II од Белгија склучил договор со локалните владетели за размена, со кое дополнително се здобил со територии по текот на река Конго. На Берлинската конференција од 1884-1885 година, тие територии формално биле признаени за белгиски. Во следните години, населението било брутално експлоатирано за целите на Белгија. Во 1908 година, белгискиот крал бил принуден да се откаже од владеењето на овие простори. Во времето на белгиската контрола, името на земјата било Слободна Држава Конго (État indépendant du Congo), а по 1908 година Белгиски Конго. (Congo belge). Во времето на белгиската ера од историјата на Конго, исто така било воведено и основното и средното образование, а училиштата биле организирани од страна на црквата. Била подобрена инфраструктурата на земјата, изградени голем број на патишта, пруги, рудници, болници итн.
Во 1960 година избувнале големи немири, кои резултирале со давањето нанезависност на земјата на 30 јули 1960 година. Белгија ја дала независноста. Сепак, повлекувањето на колонијалната администрација и капитал, негативно се одразило врз економијата на новата република, позната под името Заир. За прв претседател на земјата бил избран Жозеф Касавубу (1910-1969). Во следните години следувале голем број на воени и државни удари и преврати. Во 1965 година, на чело на земјата застанал Жозеф Мобуту, кој добил голема поддршка од европските земји. Сепак, неговата диктатура многу бргу довела до ново разочарување кај народот. Од власта тој бил симнат во 1997 година. Следната 1998 година започнала граѓанска војна. Во војната биле вовлечени и соседите Руанда и Уганда.