Стенли (планина)
планина во венецот Рувензори, Уганда
Стенли (англиски: Mount Stanley) — највисока планина во масивот Рувензори, на границата меѓу ДР Конго и Уганда. Со 5.109 м е трета планина по висина во Африка, веднаш по Килиманџаро (5.895 м) и Кенија (5.199 м). Наречена е во чест на истражувачот Хенри Мортон Стенли. Планината е дел од Националниот парк Рувензори, кој е прогласен за светско наследство на УНЕСКО.[1] Неколку од врвовите имаат ледници.
Стенли | |
---|---|
Mount Stanley | |
Планината Стенли и нејзините врвови | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 5.109 м |
Истакнатост | 3.951 м |
Координати | 0°23′09″N 29°52′18″E / 0.38583° СГШ; 29.87167° ИГД |
Географија | |
Место | ДР Конго— Уганда |
Матичен венец | Рувензори |
Искачување | |
Прво освојување | 1906 г. од Војводата од Абруци со дружината |
Најлесен пат | искачување по карпи/снег |
Планината има повеќе врвови:
Врв Висина Маргарита 5.109 Александра 5.091 Алберт 5.087 Савоја 4.977 Елена 4.968 Елизабета 4.929 Филип 4.920 Мебиус 4.916 Голем Заб 4.603
Прво искачување
уредиПланината првпат е освоена во 1906 г. од дружината на Војводата од Абруци во состав на Ж. Петига, К. Олје, и Ж. Брошерел. Највисокиот врв е наречен по италијанската кралица Маргарита.[2]
Наводи
уреди- ↑ Центар за светското наследство на УНЕСКО (англиски)
- ↑ Peter Bridges, ‘A Prince of Climbers’ Архивирано на 12 ноември 2013 г., Virginia Quarterly Review, 76-1 (Winter 2000), 38–51.
Надворешни врски
уреди- Планината Стенли и масивот Рувензори
- Планината Стенли — Peak Bagger
- Планина Стенли Архивирано на 27 септември 2007 г. — Светска енциклопедија на планините на Peakware
- Планина Стенли — SummitPost