Едренеџик

село во Драмско, Егејска Македонија, Грција
(Пренасочено од Едирнеџик)

Едренеџик или Едирнеџик (грчки: Αδριανή, Адријани)[2][3] — село во Општина Бук во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Едренеџик
Αδριανή
Едренеџик is located in Грција
Едренеџик
Едренеџик
Местоположба во областа
Едренеџик во рамките на Бук (општина)
Едренеџик
Местоположба на Едренеџик во Општина Бук и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°8′N 24°15′E / 41.133° СГШ; 24.250° ИГД / 41.133; 24.250
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски округ
ОпштинаБук
Општ. единицаНусретли
Надм. вис.&10000000000000151000000151 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.080
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 11 километри источно од градот Драма и на 28 километри североисточно од центарот на општината, Бук. Селото се наоѓа на надморска височина од 151 метри.

Историја

уреди

Отоманско Царство

уреди

Селото во текот на XIX век се наоѓало во рамките на Драмската каза, во составот на Отоманското Царство. Црквата „Св. Никола“ е изградена во 1884 година.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 500 жители Македонци, 450 Грци и 50 цигани[4][5]. Во периодот од 1902 до 1909 година учители во селото биле Александрос Целиос - секретар на револуционерниот комитет „Аминас“, и Александрос Лукас - член на терористичката група во Едирнеджик[6].

Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 250 Грци и работело грчко училиште со 2 наставници и 40 ученици[7].

Грција

уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Адријани.[8]

Демографија

уреди

До 1928 година во селото биле населени 788 бегалци од Турција.[9] Во 1928 година селото броело 1741 жител, додека во 1940 година селото броело 124 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 126 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 108 жители, во 1971 година имало 63 жители, во 1981 година имало 38 жители, додека во 1991 година имало 28 жители[10]. Денеска, населението на селото е 13 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 2065 1837 1564 1076 1076 1346 1371 1080
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καραγκιόζ Κιόι -- Περίβλεπτον
  3. „Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  4. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 169.
  6. [yaunatakabara.blogspot.com/2010/08/ka-1800.html Yauna Takabara]
  7. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 196-197.
  8. „Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  9. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  10. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 14.