Нусретли (грчки: Νικηφόρος, Никофорос)[2][3] — село во Општина Бук во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Нусретли
Νικηφόρος
Нусретли is located in Грција
Нусретли
Нусретли
Местоположба во областа
Нусретли во рамките на Бук (општина)
Нусретли
Местоположба на Нусретли во Општина Бук и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°10′N 24°19′E / 41.167° СГШ; 24.317° ИГД / 41.167; 24.317Координати: 41°10′N 24°19′E / 41.167° СГШ; 24.317° ИГД / 41.167; 24.317
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски округ
ОпштинаБук
Општ. единицаНусретли
Надм. вис.&10000000000000250000000250 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно296
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа на 27 километри јужно од градот Драма и на 27 километри југозападно од центарот на општината, Бук. Селото се наоѓа на надморска височина од 250 метри.

Селото опфаќа површина од 34 км2, додека целата општинска единица опфаќа 241 км2.[4] По реформите на локалната власт во 2011 година, Нусретли е општинска единица на општината Бук[5].

На еден километар по селото во насока кон Бук се наоѓа стариот аквадукт Хасанов мост.[6]

Историја уреди

Отоманско Царство уреди

Селото во текот на XIX век се наоѓало во рамките на Драмската каза, во составот на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 90 Турци[7].

Грција уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Маврокордатос.[8]

Демографија уреди

До 1928 година во селото биле населени 828 бегалци од Турција.[9] Во 1928 година селото броело 1035 жители, додека во 1940 година селото броело 1213 жители, во 1951 - 949 жители. Селото во пописот од 1961 година броело 1002 жители, во 1971 година имало 698 жители, во 1981 година имало 508 жители, додека во 1991 година имало 451 жител[10]. Денеска, населението на селото е 296 жители според пописот од 2011 година.

Места во во заедницата Нусретли преименувани со службен указ на 13 јануари 1969 година
Име Име Ново име Ново име[11] Опис[12]
Канатлар[12] Κανατλάρ Фтеротон Φτερωτόν месност на Јарум Каја на ЈИ од Нусретли[12]
Боџаќој[12] Μποτζάκιοϊ Фундукидис Φουντουκίδης месност на Јарум Каја на ЈИ од Нусретли[12]
Ата Тепе[12] Άτά Τεπέ Псили Корифи Ψηλή Κορυφή возвишение на Јарум Каја на И од Нусретли (405,8 m)[12]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 1213 949 1002 698 508 451 436 296
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Култура уреди

Турската народна песна Драмски мост „Drama Köprüsü“ е посветена на Нусретли. Самиот мост се наоѓа во близина на селото.

Во ова село е роден Ибрахим-паша.

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καραγκιόζ Κιόι -- Περίβλεπτον
  3. „Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
  4. „Population & housing census 2001 (incl. area and average elevation)“ (PDF) (грчки). National Statistical Service of Greece.
  5. „Kallikratis law“ (PDF) (грчки). Greece Ministry of Interior. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-04-27. Посетено на 2017-03-16.
  6. „Τουρκοι επισκεπτες στο Νικηφορο Δραμας“. voria.gr. 10 ноември 2009. Посетено на 8 јануари 2017.
  7. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 198.
  8. „Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
  9. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
  10. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 46.
  11. „Διατάγματα. Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 12. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 3): 20. 1969. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 12,5 12,6 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“