Георги Урдов - Џоџо — македонски национален деец од Егејскиот дел на Македонија. Роден е во градот Воден во 1914 година. Како млад се приклучил на работничкото движење, а е член на КПГ од 1935 година. Учествувал во сите работнички демонстрации во Воден. Втори политички комесар на Окружниот комитт на КПГ за Воденско. Од јуни 1944 година е комесар на Воденскиор баталјон на ЕЛАС, како и заменик командант на првата македонска бригада во Грција. Учествува во основањето на НОФ. Загинал како член на штабот на ДАГ за средна и западна Македонија во јуни 1947 година за време на големиот напад на монархофашистичката војска на планината Пиерија.

Георги Урдов
Роден 1914
Воден, Кралство Грција
Починал 21 јуни 1947(1947-06-21) (возр. 32–33)
Пиериски Планини, Кралство Грција
Познат партизан

Извори

уреди
  • Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје 2009 , стр. 1534