Црква „Св. Троица“ - Воден
Света Троица (грчки: Ιερά Μονή Αγίας Τριάδας) — преродбенички женски манастир кај градот Воден, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Света Троица | |
---|---|
Αγίας Τριάδας | |
Поглед на црквата | |
40°47′48″N 22°3′35″E / 40.79667° СГШ; 22.05972° ИГД | |
Место | Воден |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Стил | преродбенички |
Завршена | 1865 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Воденско |
Епархија | Воденско-постолско-мегленска |
Се наоѓа во Воденското Поле, во месноста Лагот на 3 км од Воден, близу остатоците од Долниот Град на древниот град Едеса. Изграден е во 1865 г. со средства на граѓаните. Манасирската црква трикорабна базилика со три впечатливи куполи кои го симболизираат Светото Тројство. Комплексот вклучува параклиси на Свети Харалампиј, Свети Григориј Палама, Света Клинтикија и Свети Лука Кримски.[1]
Манастирот е изграден врз урнатините на постара црква, срушена во раните години на османлиското владеење. Во ѕидовите на црквата се вградени антички архитектонски елементи (сполии) и надгробни плочи. Во 1942 г. манастирот ги изгубил своите имоти и оттогаш станал женски.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Ιερά Μονή Αγίας Τριάδας“. Μοναστήρια της Ελλάδος. Посетено на 25 јуни 2017.[мртва врска]
- ↑ „Το μοναστήρι Αγίας Τριάδας - Χώρος "Λόγγου" Έδεσσας“. Посетено на 25 јуни 2017.