Варош (Воден)
Варош (грчки: Βαρόσι, Вароси) — традиционално старо маало на градот Воден, Егејска Македонија.[1]
Варош Βαρόσι | |
---|---|
Куќи во Варош | |
Координати: 40°48.1′N 22°3.8′E / 40.8017° СГШ; 22.0633° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постолски |
Општина | Воден |
Општ. единица | Воден |
Надм. вис. | 115 м |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 582 00 |
Повик. бр. | 23810 |
На север се граничи со Паркот на водопадите и градскиот стадион, на југ со улицата „Архијереј Пантелејмон“, на запад со улицата „Капетан Гарофис“, а на исток со крајот на висорамнината на градот.[2]
Маалото се развило во христијанска македонска населба османлиско време на местото на стариот средновековен Горен Град.[3] Варош е единствената дел на градот со зачувана староградска архитектура, дело на месните мајстори и типични претставници на градителството од минатите векови од големо културно-историско значење. Има и градби од византиско и османлиско време.[2] Меѓу познаменитите градби во маалото се Јусмевата, Чамевата и Валасовата куќа, како и неколку цркви.[3][4]
Во 1966 г. Горниот Град е прогласен за споменик на културата[5] а во 1983 г. овој статус го добил и целиот Варош.[2]
Галерија
уреди-
Сокак во Варош
-
Црквата „Покров на пресв. Богородица“
-
Варош во 1911 г.
-
Жителки на Варош, 1905 г.
Наводи
уреди- ↑ Βελένης, Γ., Χ. Ζαρκάδα, Αθ. Πιτσιόλης (1993). „Αρχιτεκτονική τεκμηρίωση και ανάπλαση της συνοικίας Βαρόσι Έδεσσας“ (PDF). Νέες πόλεις πάνω σε παλιές. Ρόδος. 27-30: 537.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „ΥΑ ΥΠΠΕ/ΔΙΛΑΠ/Γ/94/2214/10-1-1983 - ΦΕΚ 154/Β/7-4-1983“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-03-10. Посетено на 17 март 2018.
- ↑ 3,0 3,1 „Έδεσσα .... παραδοσιακή συνοικία Βαρόσι“. Edesa City. Посетено на 19 март 2018.
- ↑ „Συνοικία Βαρόσι Έδεσσας“. Λουτρών Πόζαρ. Посетено на 19 март 2018.
- ↑ „ΥΑ 11707/14-6-1966 - ΦΕΚ 429/Β/8-7-1966“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2019-05-21. Посетено на 17 март 2018.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Варош (Воден) на Ризницата ?