Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Воден
Успение на Пресвета Богородица (грчки: Ναός Κοιμήσεως Θεοτόκου), наречена и Стара митрополија (Παλιά Μητρόπολη Έδεσσας) — средновековна црква во градот Воден, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
Успение на Пресвета Богородица | |
---|---|
Κοιμήσεως Θεοτόκου | |
Поглед на црквата | |
40°48′2.14″N 22°3′11.60″E / 40.8005944° СГШ; 22.0532222° ИГД | |
Место | Воден |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | XIV век |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Воденско |
Епархија | Воденско-постолско-мегленска |
Црквата се наоѓа во маалото Варош, и според живописот се датира во XIV век. Првично го носела името „Св. Софија“, што се гледа од натписот на макетата претставена на фреска на јужниот ѕид, каде непознат ктитор му ја предава на Христос. Денес храмот е трикорабна базилика со припрата од запад, а порано имала друг изглед, изменет со подоцнежни преправки. За вредни се сметаат столбовите кои се од првобитниот храм; особено е забележителен источниот, каков што се среќава и во италијанскиот град Равена. Забележителни се и иконостасот и владичкиот престол од XVIII век. Зачуваните фрески се од два периода. Најстарата, насликана во 1375 – 1385 или 1389 г. опфаќа три крила и е зачувана во фрагменти. Следните фрески се изработени во XVII век. Веројатно помеѓу 1598 и 1688 г. црквата е преименувана и посветена на Успението Богородично.[1]
Според зографскиот натпис, живописана е и во 1877 г. од зографот Константин Хаџизафиров.
Во 1934 г. храмот е прогласен за споменик на културата.[3]
Галерија
уреди-
Капител
-
Внатрешност
-
Фреска
-
Фреска со Света Варвара, XIII век
-
Апсидата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Πεσιρίδου, Ιωάννα. „Ναός Παλαιάς Μητρόπολης Έδεσσας“. Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού. Архивирано од изворникот на 2022-12-03. Посетено на 18 мај 2014.
- ↑ „Ναός Παλαιάς Μητρόπολης Εδεσσας“. Greek Orthodox Religious Tourism. Посетено на 23 октомври 2016.
- ↑ „ΠΔ 23-11-1934 - ΦΕΚ 416/Α/30-11-1934“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-12-02. Посетено на 20 март 2018.
Надворешни врски
уреди- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Воден на Ризницата ?