Анрѝ Позѝ (француски: Henri Pozzi), (Бержерак, 1879 - 1946) — француски политичар, дипломат, новинар и публицист.[1] Работел долги години за француските и британските тајни служби на Балканот и во Источна Европа.

Анри Пози
Henri Pozzi
Роден 1879 г.
Бержерак, Франција
Починал 1946 г. (67 г.)

Неговиот однос кон Балканскиот Полуостров

уреди

НаБалканот тој е познат по книгата „Војната се враќа“ од 1934 година (објавена на француски јазик како „La Guerre Revient...“, а на англиски јазик како „Black Hand over Europe“), во која ја опишува српското малтретирање на мирното македонско население во Вардарска Македонија. Исто така пишува и за српската пропаганда меѓу нивХрватите и Бошњаците во Кралска Југославија.[2] Еве дел од неговите впечатоци:

Одеднаш сè што ми беше кажано во Загреб, Софија, Белград за начините на распит, користени во српските затвори: нос и уши исечени, дланките и стапалата стегани, стискање на брадавиците со вжарена маша, кинење на половите органи, вжарени железа, положени на крстот и под нозете - се вратија во мојата меморија.

Францускиот писател и поранешен најдобар пријател на српскиот народ ги опишува во својата книга ужасните работи за кои тој бил сведок во Македонија.

Го видов следново:

Во Битола, на стотина метри од местото, на една од најфреквентните улици во градот, ужасни извици, се слушаше вистинска врева од отворените прозорци на основно училиште. Двајца учители со удари со линијар, би претепале шест момчиња кои се врзани за своите редови. "Валкан бугарски! Македонска свиња! Јас ќе те научам српски![3]

Ја напуштив Македонија потиснат, возбуден. Згрозен од она што го видов таму, слушнав, сфатив, проверив лично јас - благодарение на можностите за истражување, со кои располагав и покрај големите напори на белградските агенти да ме спречат по секоја цена да откријам вистината. И велам, јас, Французин, кој длабоко ја сака Србија и кој го докажа тоа доволно веќе дваесет години - изјавувам со чувство дека мојата пресуда изразува многу помалку отколку што е во реалноста, луѓето што ја претставуваат Македонија денес сегашните господари на Југославија, кои се службеници, судии, свештеници или полицајци, ја замаглуваат својата страна. Пред да отидам на местото, пред да видам со свои очи, одбив да ја прифатам, и покрај нивната точност, реалноста на обвиненијата упатени од македонските организации во Бугарија против српската администрација во Македонија. Сега го признавам тоа: тие не содржат погрешни зборови. Сите случаи на суровост, насилство, деспотизам, неморал што можев да ги проверам, им признавам вистински - без никаков исклучок. Материјално и морално поробените се угнетувани, ограбувани, измачувани и надвор од секоја идеја. Нема можност за нив да бараат правда, нема помош, нема заштита за никого, без оглед на неговиот социјален статус, полот, неговата возраст. Во Македонија тие конфискуваат, затвораат, измачуваат, убиваат легално, систематски, смирено, сурово.[4]

Во францускиот печат книгата била игнорирана и оклеветена, а во земјите од Малата Антанта - Чехословачка, Романија и Југославија била забранета затоа што ги загрозувала империјалистичките интереси на Романците, Србите и Чесите.

Белешки

уреди
  1. Cohen, Philip J.; Riesman, David (1996). Serbia's secret war: propaganda and the deceit of history. Texas A&M University Press. стр. 11. ISBN 9780890967607.
  2. Henri Pozzi, „Black hand over Europe“ Архивирано на 25 јуни 2007 г., Reprint of the 1935 edition, Published by the Croatian Information Centre, Zagreb 1994
  3. Пози, А. "Војна се враќа", 1934 г. [1],објавено на бугарски јазик во Планета-7, Софија, 1992 г.
  4. Pozzi, H. BLACK HAND OVER EUROPE [2], Книгата е објавена на англиски јазик за сите Европејци заинтересирани за настаните во Кралството Југославија (1918-1941).

Надворешни врски

уреди