Фурнир
Фурнир (од герм. Furnier) во дрводелството е тенко резне дрво, обично потенко од 3 милиметри. Слоевите фурнир се лепат или стегаат на основни даски, кои можат да бидат од разни материјали (како дрво, иверка или средногуст лесонит) за добивање на врати, горни или бочни дрвени плочи за креденци, паркетирани подови и мебел. Се корситат и за интарзија. Шперплочата се прави од неколку слоја фурнир, секој залепен под прав агол на соседните слоеви. Фурнирот се користи и за декорирање на предмети како кутии и сл.
Фурнирот се добива со „лупење“ на дрвото, кое е главното место од кое се добиваат архитектонските фурнири (видете и интарзија). Изгледот на гранулацијата, или „шарата“ во дрвото се добива преку годовите на дрвото и зависи од аголот на сечење на истото. За стопански цели се користат три типа опрема за сечење фурнири:
- Вртежен дребунг на кој дрвото се врти наспроти многу остра пила во прекината или полупрекината ролна. Овој метод се користи главно за шперплочи bидејќи не може да се добие тенок задоволителен изглед.
- Режачка машина кај која граѓата се крева и спушта наспроти пилата, и така се добиваат тенки резниња.
- Полукружен дребунг на кој граѓата се врти или движи на начин на кој се октриваат најинтересите делови од гранулацијата.
Секој процес на режење дава своја препознатлива гранулација, зависно од видот на дрвото. При сите методи се јавува искривување во гранулацијата. При навлегувањето на пилата во дрвото, таа прави лабава страна (каде клетките се расечени) и набиена страна (каде се потиснати).
Порано фурнирите се пилеле но со тоа се јавува и непотребен губиток (отпадоци) на дрво. Фурнирањето е древна вештина, која ја употрбувале уште старите египјани за нивниот мебел.
Поврзано
уреди„Фурнир“ на Ризницата ? |