Буковидни
Буковидни | |
---|---|
Обична бука (Fagus sylvatica) | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Евдикоти |
Нерангирано: | Розиди |
Ред: | Буковидни |
Семејства | |
во текстот. |
Буковидните (науч. Fagales) се ред на цветни растенија, каде се вбројуваат најшироко распространетите дрва. Името го добиле по родот Буки (Fagus). Припаѓаат на розидната група на дикотиледони. Во овој ред спаѓаат следниве семејства и родови:
- Брези (Betulaceae) - Брези (Betula), Евли (Alnus), Габери (Carpinus), Лески (Corylus), Хмељогабери (Ostrya), Лескогабери (Ostryopsis)
- Буки (Fagaceae) - Буки (Fagus), Дабови (Quercus), Костени (Castanea), Лажни костени (Castanopsis), Чинкапини (Chrysolepis), Тригонобалани (Trigonobalanus, синоними: Formanodendron, Colombobalanus), Камени дабови (Lithocarpus)
- Восковци (Myricaceae) - (Восковец Myrica, Canacomyrica, Комптонии (Comptonia)
- Јужни буки (Nothofagaceae) - Јужна бука (Nothofagus) - подродови: Fuscospora, Brassospora и Lophozonia
- Пресличници (Casuarinaceae) - пресличник (Casuarina), Голоусни (Gymnostoma), Кевтостоми Ceuthostoma, Алоказуарини (Allocasuarina)
- Ореви (Juglandaceae) - Ореви (Juglans), Крилоореви (Pterocarya), Хикори (Carya), Кругоореви (Cyclocarya), Алфарои (Alfaroa), Енгелхардии (Engelhardia), Ореомунеи (Oreomunnea), Чепоореви (Platycarya), Коњски опашки (Rhoiptelea)
- Тикодендрони (Ticodendraceae) - Тикодендрон (Ticodendron)
Во постариот Кронквистов систем се наведуваат само четири семејства (Брези, Corylaceae, Буки, Тикодендрони; Corylaceae не припаѓале на Брезите); овој распоред го следи Светскиот попис на одбрани растителни семејства. Другите семејства биле разделени во три различни реда, сместени во Хамамелиди. Пресличниковидните се состоеле од едно семејство (пресличници), Оревовидните се состоеле од Оревите и Коњски опашки, а Восковцовидните ги опфаќале преостанатите (плус Balanops). Промените се должат на испитувањата со кои е востановено дека вака утврдените Восковцовидни, се парафилетски во однос на другите групи.
Надворешни врски
уреди- Буковидни - Светски попис на одбрани растителни семејства Архивирано на 3 февруари 2004 г. — Кралски ботанички градини, Кју (англиски)