Живко Јаневски
Живко Јаневски (роден на 1 август 1940 година во Градско, Велешко - починал на 15 март 2000 година во Скопје) — македонски новински фоторепортер.[1]
Живко Јаневски | ||
Роден | 1 август 1940 Градско, Велешко, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 15 март 2000 Скопје, Македонија | |
Националност | Македонец | |
Занимање | фоторепортер |
ЖивотописУреди
Живко Јаневски бил прогласен за мајстор на фотографија на Југославија во 1974 година, а во наредната година во Берн го добил највисокото меѓународно признание за уметничка фотографија ЕФИАП. Со фотографија почнал како член на белградските фото-клубови „Електромашинац” и „Београд” (1957 /1968), а професионално по враќањето во Скопје (1968).
Целиот свој работен век го минал во НИП „Нова Македонија” како соработник и уредник на фотографија на „Нова Македонија”, „Вечер”, „Журнал”, „Екран”, „Починка”, „Пулс”. Имал седум самостојни изложби, излагал уште на дваесетина групни изложби во најзначајни фото-салони во светот. Освоил 84 награди. Од 2001 г. е востановена годишна „Гран при награда Живко Јаневски” за најуспешни фоторепортерски остварувања.
НаводиУреди
- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Јаневски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 633. Text "series " ignored (help)