Гиновец

село во Голо Брдо, Албанија

Гиновец (месно: Гинеец или Гиноец; албански: Gjinovec) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Населено е со Македонци од мешана вероисповед и развиена на национална свест.

Гиновец
Gjinovec
село
Гиновец is located in Албанија
Гиновец
Гиновец
Координати: 41°23′13″N 20°30′34″E / 41.38694° СГШ; 20.50944° ИГД / 41.38694; 20.50944Координати: 41°23′13″N 20°30′34″E / 41.38694° СГШ; 20.50944° ИГД / 41.38694; 20.50944
Земја Албанија
ОбластДебар
ОпштинаБулчица
Општ. един.Требишта
Надм. вис.&100000000000012360000001.236 м
Население (2007)
 • Вкупно314
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.BZ

ГеографијаУреди

Селото се наоѓа во областа Голо Брдо, на југоисточното подножје на Гиновечка Планина (Mali i Gjinovecit).[1] Лежи околу 3 км западно од границата со Македонија и 4 км од струшкото село Дренок. Од селото извира Требишка Река, која на североисток продолжува низ Требишта, ја преминува границата и се влева во Дебарското Езеро.

ИсторијаУреди

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Гиневиц (Ghinevitz) е село со 90 домаќинства со 134 Македонци-христијани и 118 Македонци-муслимани (Торбеши).[2][3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Гинеец имало 210 Македонци-христијани.[2][4]

На почетокот на XX век во селото се наметнала бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население во Гиневец (Guinevetz) се состоело од 208 Македонци, сите потчинети на Бугарска егзархија.[2][5]

Според статистика на весникот „Дебарски глас“ во 1911 г. во Гиневец имало 26 македонски куќи под егзархијата и 45 торбешки куќи.[2][6] Според Георги Трајчев во 1911/12 г. во Гиноец имало 35 македонски христијански куќи со 176 жители и во него работеле црква и училиште.[7] Денешната селска црква „Св. Никола“ е изградена во 1911 г. за што сведочи нејзиниот ктиторски натпис, и е единствената преостаната од трите цркви кои некогаш ги имало во селото. Во оваа црква служел попот Станко Илија Која, православен деец на Македонците во Голо Брдо.

По Првата балканска војна селото влегло во состав на Албанија. Поради албанските немири од септември 1913 г. во Македонија пребегале 18 куќи, кои заедно со други бегалци од Албанија се сместени во селата Бомово, Коњари и Селокуќи.[8]

Во извештајот на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Гинеец се води како село од 70 куќи, од кои дел се на православни Македонци, а дел се торбешки.[2][9]

Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Требишта.

ДемографијаУреди

РодовиУреди

Гиновец е македонско село.

Како православни родови се спомнуваат: Караџевци, Филковци, Трајовци, Којовци (доселени се од селото Којовци крај Лешничани), Говедаровци, Марковци (доселени од дебарското село Бомово).

Главни муслимански родови во селото се: Башовци (имаат православни роднини во струшкото село Дренок), Суљковци и др.[10]

ЗнаменитостиУреди

ИселеништвоУреди

Од православните иселеници има во Скопје, струшкото село Дренок (Башовци).[10]

ЛичностиУреди

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. Гиновечка Планина (783152) — GeoNames
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  3. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 172-173.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 261. ISBN 954430424X.
  5. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 152–153.
  6. Дебърски глас, година 2, брой 38, 3 април 1911, стр. 2.
  7. Трайчев, Георги. Български селища в днешна Албания, в: Отецъ Паисий, 15-31 юли 1929 година, стр. 213.
  8. Извештај на Трпе Поповски и Павел Христов до Тодор Павлов од 28 јануари 1914 г.
  9. Доверлив извештај бр. 54 на Сребрен Поп Петров
  10. 10,0 10,1 . Филиповиќ, Миленко. Голо Брдо. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: others (link)