Косовец
Косовец (албански: Kosoveci) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Денес е муслиманско, иако порано било со мешана вероисповед.
Косовец Kosoveci | |
---|---|
село | |
Координати: 41°28′59″N 20°25′43″E / 41.48306° СГШ; 20.42861° ИГД | |
Земја | Албанија |
Област | Дебар |
Општина | Булчица |
Општ. един. | Горица |
Надм. вис. | 590 м |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Рег. таб. | BZ |
Географија
уредиСелото се наоѓа во македонската област Голо Брдо, на десниот брег на Окштунска Река. Има улога на северно маало на Љуболеш. Лежи источно од Стригичани, северозападно од Извор и североисточно од Голејца.
Историја
уредиСпоред статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Косач бил дел од Голема Река (Грика Маде) и претставувал чисто албанско село со 35 „Арнаути муслимани“.[1] Ова е грешка на К’нчов, бидејќи населението во најмала рака било етнички мешано.
Во 1940 г. Миленко Филиповиќ напишал дека Косовац е веќе чисто муслиманско село во Голо Брдо со околу 30 македонски и албански куќи.[2] Православните жители се иселиле во Дебар и дебарското село Баниште.
Во селото има остатоци од православна црква.[3]
Сè до 2015 г. селото било дел од Општина Горица.
Иселеништво
уредиСпоред Филиповиќ, православниот род Јанковци во Мало Острени бил доселен од Косовец.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 260. ISBN 954430424X.
- ↑ Македонските нарекувајќи ги „српски“ во духот на големосрпската политика.
- ↑ Филиповић, Миленко (1940). Голо Брдо: белешке о насељима, о преклу становништва народном животу и обичају. Скопље. стр. 40.
- ↑ Филиповић, Миленко (1940). Голо Брдо: белешке о насељима, о преклу становништва народном животу и обичају. Скопље. стр. 37.